ПРВА ЖРТВА ОД ДРАМАТА ЗА СПАСУВАЊЕ НА 12 ДЕЦА ЗАГЛАВЕНИ ВО ПЕШТЕРА ВО ТАЈЛАНД: Специјалец на тајландската морнарица почина откако снема кислород на враќање од местото каде се заробени децата

Објавено на 06.07.2018 во 23:07:10 часот | Свет

Ова е специјалецот кој што почина ноќеска откако се враќаше од местото во пештерата каде се заробени 12 деца и нивен фудбалски тренер.

Децата заталкале во пештерата во обид да ја разгледаат, но откако заврнало морале да влезат подлабого за да избегаат од водата која наишла.

Специјалецот е дел од голем потфат на властите да однесат цевки со кислород до децата, затоа што меѓу местото каде што се, до отворот на пештерата има цели 3 километри од тунели полни со вода.

На еден трениран дајвер му требало 5 часа за да го помине растојанието во темницата и тесните отвори, потфат кој децата нема да можат да го нарпават па се размислува да се остават децата во пештерата два три месеци додека не се повлече водата или пак да се обидат да ги префрлат со боци и да ризикуваат некои од нив да загинат, затоа што во пештерата снемува брзо кислород затоа што се многу деца а и спасувачи кои им носат храна и лекови.

Инаку интересно е што децата беа најдени дури 13 дена откако исчезнаа и беа најдени од доброволци нуркачи од Британија.

Дел од плановите да се спасат децата е и со помош на пумпи да се испумпа водата од пештерата, но проблемот е што сега во тајланд е сезона на дождови и огромната пештера добива нови количини на вода од безброј канали и процепи.

Оваа спасувачка драма ја следи цел Тајланд но и цел свет преку интернет.

 

 

* реклами

 

 

Свет

Македонија