Јас не сум изненаден што СДСМ владее 10 пати подобро од ВМРО ДПМНЕ, има совршено објаснување за тоа

Објавено на 07.07.2018 во 16:31:37 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


СДСМ владее 10 пати подобро од ВМРО ДПМНЕ затоа што СДСМ има еден специјален однос кон Македонија, што ВМРО ДПМНЕ никогаш го немаше историски.

ВМРО ДПМНЕ секогаш ја сметало Македонија како посвоенче, како најдено нешто на улица, како еден горчлив компромис од нивните соништа и идеали за голема обединета чиста Македоња на Македонците, од Прохор Пчињски до Солун, од Пустец до Благоевград.

За нив, оваа Македонија е една сурова проклета реалност, како еден несупех со кој они мора да се задоволат и цело време да се обидуваат да ја редефинираат.

Да ги истребат Шиптарите, да ги срушат сите џамии, да ја свртат кон Русија, да ја направат православна антикоманска џамахирија.

ВМРО ДПМНЕ никогаш не ја ценеле Македонија, ја третирале како подарок, по принципот, како дошло, така ошло...

За СДСМ оваа земја е свое дете, создадена во АСНОМ, завршена во 1991-ва.

Македонија е креација на СДСМ. Затоа СДСМ си ја сака и чува и пази и се жртвува 30 години за оваа земја. Сите политички големи крешенда се големи политички жртви на СДСМ за сметка на државата.

Обратно, ВМРО ДПМНЕ во тие моменти само гледала голем бунар за огромни количини за политички поени, по цена земјата дури и да ја снема. Во 90-тите повикуваа на војна со ЈНА потоа на војна со Албанците, во 2001-ва предлагаа поделба на земјата, сега во 2018-та го кочат влезот на земјата во ЕУ и НАТО!

Сетете се на компромисите во 90-тите, па војната во 2001-ва, па Рамковен договор, па тетироријална, па сега договорите со Бугарија и Грција.

Што ви кажува однесувањето на СДСМ? Родителска пожртвуваност за доброто на земјата по цена на губење избори и седење во опозиција десет години со опасност на изчезнување на партијата.

Зошто тој нагон за политичко самоубиство секогаш само за доброто на земјата?

Затоа што Македонија е дете на СДСМ, СДСМ родителски безгранично и безусловно ја сака и е спремна е дури и да умре за оваа земја!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија