Драги КОМИТИ, вие го убивте малиот Саздо, и тие што сега најгласно плачат по Саздо, не јас, јас се обидував да го спасам, но не успеав, но до смрт ќе се борам да ве спасам вас од судбината на Саздо!

Објавено на 09.07.2018 во 20:17:17 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Многу лутина и бес кон мене денеска, затоа што по грешка објавив сторија дека Саздо не е тешко повреден, добив таква дојава од луѓе и за тоа се извинив. За жал згрешив. Во новинарството се случуваат грешки, и за јас за тоа се извинив.

Но, кога веќе ја отвораме темата смрт на Саздо од Автокоманда, ајде да дебатираме, кој го уби и кој е виновен за неговата смрт?

Дали го убив јас или помогнав да биде убиен? Или тоа го направија самите КОМИТИ а и сите оние кои сега плачат најсилно по неговата смрт?

Кој ширеше национализам и омраза кон Албанците? Кој пееше СМРТ ЗА ШИПТАРИ? Кој пееше МРТОВ ШИПТАР, ДОБАР ШИПТАР?

Што мислите, тие песни, таа омраза, што ќе предизвика, љубов или омраза?

Тие што го убиле Саздо, биле исто така слепи националисти полни со омраза и гнев, спремни да уништат еден млад живот и сега за тоа ќе го поминат веројатно животот во затвор.

Но зарем не сте свесни дека омразата од една страна, раѓа омраза од другата страна?

За секоја песна на Комитите се раѓа нова песна на Шверцерите, и обратно, и до кога така?

Сега почина Саздо од Автокоманда, утре може ќе почине некој албански Саздо од Чаир, после пак некој Комита, па некој Шверцер, и до кога така?!

Бесот и гневот за смртта на Саздо свртете го кон оние кои сега најсилно плачат по него, како што е ВМРО ДПМНЕ, Курир, Трендо, Миленко и Јанко Бурек.

Тие ви ја наполнија главата и срцето со омраза кон "племето". И секако, исти такви во Албанскиот камп кои пак им ја наполниле главата со омраза на убијците на Саздо.

Национализмот и омразата од двата кампа се хранат едни со други.

Смртта на Саздо нека не отрезни сите, сите треба да застанеме за момент. Каде не води сето ова?!

По кој пат сме тргнале?!

Колку убиства и претепувања по автобуси треба да се случат за да престанеме и да сфатиме дека сите сме луѓе, со родители, со љубови, со стравови, само не разликува местото каде сме родиени и етносот и мајчиниот јазик, но во суштина сите сме луѓе!

Зошто не научите млади да се сакате а не да се мразите? Спортот е приказна за љубов меѓу народите!

Па најголема ѕвезда на Вардар беше Артим Шаќири, зарем и тој не ви го омекна срцето?!

Не е лесно да пишуваш за мир и за толеранција, најелсно е да хушкаш омраза и одмазда. Денеска бев нападнат од Комити во Кисела Вода кои оправдано ми беа лути за грешката на Мактел.

Но јас до смрт ќе се борам за да ве спасам и вие да не завршите како Саздо. Сите сте млади и сакам да дочекате старост, да бидете здрави и живи и успешни. Се најдобро ви посакувам.

А начинот на кој можете да бидете спасени е ако ја излечиме омразата кај Албанците кон вас, тоа е најдобрата превенција.

А за тоа прво треба да се бориме да ја излечиме омразата кај вас кон нив!

Ќе биде тешка борба, но вреди да се води таа борба, без разлика на цената која ќе ја платам како новинар. Затоа што ако не ја водиме таа борба, она што не чека е пекол на земјата, не чека кланица како во Босна, Сирија, Палестина...

Тогаш наместо една смрт годишно, ќе имаме смрт на млади луѓе секој саат, дневно ќе умираат десетици, смртта ќе стане најобична работа, како настинка... Е тоа никогаш не смееме да го дозволиме!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија