ВЕЧЕРВА ЗАВРШИ ЕРАТА НА ЛИБЕРАЛИЗМОТ ВО АМЕРИКА, ТРАМП ПОСТАВИ УШТЕ ЕДЕН КОНЗЕРВАТИВЕЦ ВО АМЕРИКАНСКИОТ ВРХОВЕН СУД КОЈ ВО АМЕРИКА ИМА УЛОГА И НА УСТАВЕН СУД, ОДНОСОТ СЕГА Е 5 СПРЕМА 4 ВО КОРИСТ НА КОНЗЕРВАТИВЦИТЕ!

Објавено на 10.07.2018 во 03:45:28 часот | Свет

Досега односот беше 5 спрема 4 во корист на Либералите односно левицата во САД.

Но годинава во пензија оди либералниот судија Ентони Кенеди, а Трамп на негово место го предлага конзервативецот Брет Кевенут кој му беше секретар на Џорџ Буш Јуниор.

Ова е втора номинација на Трамп, по конзервативецот Неил Горсич по смрта на конзервативецот Ентони Скалиа.

Со оваа втора номинација, се премостува тежиштето на десно и сега врховниот суд во наредните децении ќе носи конзервативни одлуки кои ќе се одразат не само врз Америка туку и врз целиот свет.

Се очекува жесток удар врз ЛГБТ движењето, забрана за абортусот, тврд однос кон имигрантите, малцинствата, жените, сиромашните, повеќе слобода за оружјето, повеќе масовни убиства во САД кои и сега ги има веќе премногу...

Америка се чини се враќа назад во 60-тите, иако си Обама многу се надеваа дека Америка ќе оди напред со правата и со либерализмот, кон она што сега е Европа, колевка на левицата и либерализмот, но и тука многу работи се клатат со порастот на екстремната десница.

Иако на власт во Европа е десницата, таа е многу либерална и левичарска споредено со десницата во САД.

 

 

* реклами:

 

 

Свет

Македонија