Комити запрашајте се зошто Миленко, Јанко Бурек, Латас и Трендо не ги пуштаат своите деца во Комити туку ве тераат вас да гинете и заглавите во затвори, не дозволувајте некој да ве искористи како топовско месо, да заглавите по затвори, да ја доживеете судбината на Ќосињата

Објавено на 10.07.2018 во 17:21:12 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Миленко и Трендо два дена ги хушкаат Комитите на одмазда, покажуваат со прст кој треба да биде ликвидиран, повикуваат на одмазда кон Албанците, кон новинари, политичари, аналитичари...

Што е целта? Да настане хаос, да има политички немири, хаос, за да се засени поканата за НАТО, да се закочи договорот со Грција, да се створи паника и хаос при што можеби обвинетите од СЈО ќе куртулат во матното...

Некој ги користи Комитите како топовско месо, ги тера да изгинат како младиот Саздовски, да заглават во затвори, да си го уништат животот...

Запрашајте се зошто во први редови во комитите ги нема децата на Миленко, Јанко, Трендо, Латас? Па тие не се луди да си ги ризикуваат своите деца, за нив има стипендии во елитни факултети, они вас ве тераат да си ги уништите животите, вас не ве сметаат за вредни, пет пари не даваат за вас...

Со години ве учеа да пеете ЗА ШИПТАРИ ГАСНА КОМОРА, исто како што некои неодговорни Албански политичари и новинари ги учеа Шверцерите да пејат погрдни песни за Македонците, како МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ КУРВА ШАРЕНА итн...

Вие Комити за нив сте партиска линч војска за без пари, наместо да плаќаат платени скапи убијци, они вас деца ве фрлаат во огнот да линчувате новинари, политичари, аналитичари, да сеете страв и смрт. При што многу од вас ќе изгинат ќе завршат избодени или по затвори на долги робии...

Кога ќе остарите може ќе се свестите како сте биле искористени, злоупотребени, но тогаш ќе биде касно за се...

Мислете малку драги деца, тие што најмногу ронат солзи деновиве за вас ви се најголемите душмани!

Затоа и толку лаат безочно Миленко, Јанко и Трендо, знаат дека нивните деца се на сугурно, кој во Флорида, кој во НОВА, кој на колеџ во Солун, да беа нивните деца во први редови, немаше вака лесно да повикуваат на крв, на судири, на одмазда. Тогаш ќе мислеа малце, но лесно е со туѓи деца да палиш оган, особено ако си психопат!!!

п.с Сето погоре важи и за Шверцери, сигурен сум дека најгласните радикали политичари и новинари во АЛбанскиот камп своите деца ги имаат запишано во Дубаи или Солун на колеџи, а оние кои ќе заглават во затвор или ќе загинат се деца на обични работници или сточари, секогаш е така, гинат сиромашните...

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија