БРАВО: Турција е прогласена за најдарежлива нација во 2017 година со 8 милијарди евра донации!!!

Објавено на 10.07.2018 во 22:35:54 часот | Свет

Турција е прогласена за најдарежлива нација во 2017 година
 

АНКАРА (АА) - Турција минатата година беше прогласена за најдарежлива нација, со речиси 8,1 милијарда долари потрошени за хуманитарна помош, соопштува Независната меѓународна организација за развој (DI), јавува Anadolu Agency (AA).

„Речиси 30 отсто од сета меѓународна хуманитарна помош (27,3 милијарди долари) доаѓа од Турција“, се вели во соопштението на Глобалната хуманитарна помош на развојната иницијатива.

По Турција следуваат САД, со 6,68 милијарда долари, Германија со 2,98 милијарди долари и Велика Британија со 2,52 милијарди долари.

Трошоците за хуманитарна помош во земјата беа речиси 1 отсто од сопствениот бруто-домашен производ (БДП) во 2017 година.

Бруто-домашниот производ (БДП) во Турција изнесуваше околу 850 милијарди американски долари во 2017 година, во САД 19 билиони долари, во Германија 3,8 билиони долари и во Велика Британија, 2,6 билиони долари.

Во Извештајот на Независната меѓународна организација за развој, Турција за 2013, 2014 и 2015 година беше рангирана на трето место, а втора на листата по САД за 2016 година, со 6,3 милијарди долари потрошени за помош.

Турција, исто така е домаќин на најголем број бегалци (3,9 милиони) на светот, според официјалните бројки. Бројот на сириски бегалци во Турција од мај изнесува 3,6 милиони.

- Две милијарди лица низ светот се сиромашни -

Во Извештајот, исто така, се нагласува дека 2 милијарди луѓе во светот се сиромашни, а 753 милиони од нив се соочуваат со екстремна сиромаштија.

„Сиромашни луѓе се сметаат оние што живеат со помалку од 3,20 долари дневно, а екстремната сиромаштија се дефинира како живот со помалку од 1,90 долари дневно“, се вели во Извештајот.

Во него се нагласува дека во 2017 година хуманитарната помош изнесувала 27,3 милијарди долари, додека во 2016 година, 26,4 милијарди долари. Во 2015 година изнесувала 25,8 милијарди долари, 22,1 милијарди долари во 2014 година и 18,4 милијарди долари во 2013 година.

„Најголемиот дел од хуманитарната помош е доставена во Сирија (2,58 милијарди долари), Јемен (1,55 милијарди долари), Ирак (1,42 милијарди долари), Палестина (1,15 милијарди долари) и Јужен Судан (1,1 милијарди долари)“, се вели во Извештајот.

Понатаму се нагласува дека околу 201 милион луѓе во 134 земји имале потреба од меѓународна хуманитарна помош во 2017 година.

„Мал број од комплексните кризи продолжуваат да го добиваат поголемиот дел од хуманитарната помош - 60 отсто од целата помош беше доставена само во 10 земји, 14 отсто во Сирија, најголемиот примател, и 8 отсто во Јемен“, се додава во Извештајот.

Во него, исто така, се нагласува дека Сирија е единствениот најголем примател на хуманитарна помош, петта година по ред.

Независната меѓународна организација за развој (DI) се фокусира на улогата на податоците во искоренувањето на сиромаштијата и одржливиот развој.

Неколку меѓународни институции дадоа свој придонес за Извештајот, како што се Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (FAO), Организацијата за економска соработка и развој (OECD), Турската агенција за соработка и координација (TIKA) и Светската здравствена организација (WHO).

 

 

* реклами:

 

 

Свет

Македонија