ТРИЧКО НАЦИОНАЛЕ: Лешница мора да се види!

Објавено на 10.07.2018 во 22:53:11 часот | Македонија

Седум дена на Халкидики се малку за еден авантуристички ден на релацијата Тетово-Попова Шапка- Лешница. Особено ако на тоа возбудливо патешествие ве водат домаќини какви што беа моите: Џевдет и Арбен. Кои за секое дрво, водопад и бачило, имаат по некоја приказна.

Воодушевен сум од убавините до кои не однесе “Чироки” џипот и неверојатното возачко мајсторство на Арбен. Неверојатни предели, карпести врвови прегрнати од чудесни ливади, густа шума со буки од по осумдесетина метри и велелепни густи и високи борови, елки и други зимзелени растенија од најразлични видиви. Феноменална конфигурација на пределите, со бездни и прекрасни планини од спротива, испрекинати со ниски и густи облаци.

Лешница е најубавито место на кое сум бил. Штета што не е подостапна. А можеби и не е зашто луѓето би ја уништиле. И на крајот, мирам да го одбележам ручекот во неверојатниот ресторан “Шари” во Лисец. Таква димамика на просторот, фантастика на погледот, уреденост на екстериерот, динамичната послуга и вкусната и обилна храна, тоа секако ги заслужува сите мои препораки.

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет