(ВИДЕО) Срѓан Ќерим на Канал 5: Името треба да се смени без референдум, идентитетот е заштитен!

Објавено на 10.07.2018 во 23:25:39 часот | Македонија

Поранешниот министер за надворешни работи, амбасадор и Претседател на 62-то Генерално собрание на ООН, Срџан Керим во ,, Само Вистина,, вечерва истакна дека Македонија треба да ја искористи оваа шанса за НАТО и за ЕУ која значи подобрување на економските, политичките , безбедносните перформанси и секако на имиџот во светот. Спротивно би останале во статус кво ситуација која не води никаде. Керим остана доследен на ставот дека не треба референдум за името односно за договорот со Грција туку референдум за НАТО што е утврдено и со уставот како обврска. Керим рече дека треба да се напушти дневната политикиа и дека не треба на премиерот да се гледа како кон црн Петко зашто не е ни коректно ни објективно.

Поранешниот дипломат информира дека предлогот Република Северна Македонија, Славомакедонија, Република Македонија без транскрипција на англиски, се тоа биле предлози кои биле ,,живи,, и во минатото. Керим знае дека овој процес на прифаќање на Договорот со Грција ќе оди тешко,поради поделеноста на јавноста и отсуство на единство, за што заслуга има и шефот на државата кој треба да обединува не да разединува.

Многу илузии им се презентираат на граѓаните а политичарите треба да се посовесни и да им ја кажат вистината дека со овој Договор нема да се наруши идентитетот.

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет