ПОЛА ВЛАДА НА БРИТАНИЈА СИ ДАДЕ ОСТАВКА ЗАТОА ШТО НЕ САКААТ МЕК БРЕГЗИТ, САКААТ ТОТАЛНО ОТЦЕПУВАЊЕ ОД ЕУ СО КИНЕЊЕ НА СИТЕ ВРСКИ

Објавено на 11.07.2018 во 00:51:25 часот | Свет

Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон си даде оставка на функцијата, среде растечката политичка криза за стратегијата за брегзит на Обединетото Кралство.

Тој е вториот министер што си даде оставка денеска, по секретарот за брегзит, Дејвид Дејвис. Заминувањето го објави 30 минути пред обраќањето на премиерката Тереза Меј во парламентот, за нејзиниот нов план за брегзит, што разгневи многу пратеници од ториевците.

Во изјава, Даунинг Стрит 10 му се заблагодари на Џонсон за работата и најави дека наскоро ќе го назначи неговиот заменик. За сега се знае дека нов секретар за брегзит ќе биде досегашниот министер за домување Доминик Раб.

Доминик Раб

Дејвис поднесе оставка незадоволен од владиниот состанок во петокот, кога Меј побара од нејзините министри да се обврзат да почитуваат низа на инструкции во преговорите за идните трговски односи на Велика Британија и ЕУ, правата на државјаните и жителите, границата со Ирска, британскиот однос кон европските регулативи и низа други прашања.

Дејвид Дејвис

По состанокот, Дејвис изјави дека договореното нема да значи вистинско напуштање на Европската унија и дека британскиот Парламент ќе остане обврзан на огромен број правила и регулативи на ЕУ, по што ја поднесе својата оставка.

Доминик Раб (44), чие именување го одобри и Кралицата, е познат како силен поддржувач на излегувањето од Европската унија. Самата премиерка го поддржуваше предлогот Велика Британија да остане во ЕУ, поради што водачите на таборот кој е за излегување од ЕУ, како Мајкл Гоув и Борис Џонсон, гледаат сомничаво кон неа.

Оставката на Дејвис и незадоволството од исходот на средбата во Чекерс ја отвори можноста за уривање на Владата на Меј и распишување на уште едни предвремени избори.

Од Европската комисија не ја коментираа оставката на Дејвис, но порачаа дека преговорите ќе продолжат со „добра волја помеѓу премиераката Тереза Меј и преговарачите на Велика Британија за да се најде договор“.

Целата тепачка е што пола од ториевците сакаат драстично отцепување од ЕУ, но Тереза Меј не сака голем потрес врз британската економија.

 

 

* реклами

 

 

Свет

Македонија