МАШАЛА: ТУРНИР ВО ФУДБАЛ ВО МАКЕДОНСКИ БРОД КОЈ ИМА ТРАДИЦИЈА ОД 20 ГОДИНИ

Објавено на 11.07.2018 во 16:24:11 часот | Спорт

ОФИЦИЈАЛЕН ПОЧЕТОК

Почитувани љубители на фудбалот,

После четири месечни подготовки, денес, официјално го најавуваме почетокот на Традиционалниот ноќен турнир во мал фудбал-Македонски Брод ’98. Овој почеток ќе го искористиме да им искажеме особена БЛАГОДАРНОСТ на луѓето кои го препознаа квалитетот на оваа спортска манифестација, а тоа се: Генералниот покровител-Општина Македонски Брод, Генералните спонзори-Агенција за промоција и подршка на туризмот, Квазар-Скопје, Обложувалници SPORT LIFE, Унимаркет-Кичево и Медиумскиот покровител Радио Мрежа КАНАЛ 77. Се надеваме дека овој 20 годишен јубелеј, ЗАЕДНО со

Вас и новите содржини ќе го направиме вистински настан за паметење ! Фудбалот обединува.

ТУРНИР во МАЛ ФУДБАЛ - МАКЕДОНСКИ БРОД ’98 – 2018 година
П Р А В И Л Н И К-I дел (пријавување на екипи)

1. Организатор на Турнирот е Општинскиот сојуз за училишен спорт од Македонски Брод.
2. Уплатата за учество на екипите изнесува 4,000.оо денари и истата се уплатува на жиро сметка на Организаторот-ОСУСМБ (Сопственик на сметка: ОСУСМБ, Банка: Комерцијална Банка АД Скопје, Сметка број: 300280000024563, ЕДБ: 4018010501211)
3. Пријавувањето на екипите ќе биде во периодот од 07.07-31.07.2018г. Бројот на екипите е ограничен.
4. Секоја екипа може да пријави по 10 (десет) играчи со нивна фотографија. Организаторот може дополнително да го зголеми бројот на играчи +2 играчи во вториот дел од Турнирот (со доплата од 1.500 ден. за играч)
5. Во случај на нерегуларност секоја екипа може да вложи жалба во писмена форма во рок од 2 часа по завршувањето на натпреварот до Комитетот за регуларност (кој го сочинуваат 1 член од организаторот и 2 независни членови).Одговорот на жалбата Комитетот за регуларност го донесува во рок од 4 часа по поднесувањето на приговорот. Одговорот на жалбата од страна на Комитетот за регуларност е конечен и јавно се соопштува на социјалната мрежа ФБ на профилот на Организаторот. 
6. Ждребката за играњето во групи се одржува 1(еден) ден пред почетокот на Турнирот. Екипите што доаѓаат од поодалечените населени места (над 30км) може да предлагаат во кои денови ќе играат. Распоредот е конечен.
7. Натпреварите започнуваат во 19,30 часот и ќе се играат во Спортскиот центар “Гимназија“. Во случај на временски неприлики натпреварите ќе се играат во Спортската сала “Св.Климент Охридски“.
8. Во случај екипа да задоцни повеќе од 15 мин. натпреварот ќе биде регистриран со 3:0 за противничката екипа, а на екипата што не го одиграла натпреварот ќе и се одземат 3(три) бода. Во случај двете екипи да задоцнат повеќе од 15 мин. Натпреварот ќе биде регистриран како да се одиграл, а на двете екипи ќе им се одземат по 3(три) бода. 
9. Официјални лица за контакт од Организаторот се: Јовица Блажески 078/209-582 и Горан Трајаноски 070/296-509.
10. Наградниот фонд за пријавени 24 екипи изнесува:

Прво место=150,000.оо денари
Второ место= 50,000.оо денари
Трето место= 30,000.оо денари

01.07.2018 организатор-ОСУСМБ

 

 

* реклами

 

 

Спорт

Македонија