ВИДЕО - ВМРОНИ ШУ ПРАЈМЕ СЕГА: Столтенберг официјално ја објави поканата за Македонија да стане 30-та членка на НАТО

Објавено на 11.07.2018 во 18:57:38 часот | Македонија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по десетминутен говор за исходот од денешните заклучоци од Самитот го заокружи со објавата дека Македонија добива официјална покана за почнување преговори. Столтенберг истакна дека ја поздравува историската спогодба на Македонија и Грција и дека е време земјава да се приближи до Алијансата. Во кратката информација која Столтенберг ја даде за Македонија, нагласи дека исполнување на одредбите од договорот остануваат услов за членство.

„Вратата на НАТО е и ќе остане отворена. Топло го поздравуваме историскиот договор од минатиот месец меѓу Атина и Скопје и денеска се согласивме да ја поканиме Владата од Скопје да ги почне пристапните преговори, штом ќе се завршат сите национални процедури за финализирање на договорот за името, земјата ќе му се приклучи на НАТО како 30-та членка“.

– Одлуката е на народот на ПЈРМ. Ова е еднократна шанса. Или ќе го поддржат договорот и ќе му се приклучат на НАТО или нема да го поддржат и нема да му се приклучат на НАТО. Не може двете, не може да му се приклучите на НАТО без промена на името. Тоа е одлуката што треба да ја донесе народот. Го поздравувам договорот, јасно кажавме дека денеска е решено да почнат пристапните преговори и јасно кажавме дека кога ќе завршат сите внатрешни процедури, вклучувајќи ја промената на уставот заради спроведување на Договорот за името со Атина, дури тогаш ПЈРМ ќе стане 30-та членка на НАТО под новото име Република Северна Македонија. Но не може да стане членка ако не го смени името. Изборот е едноставен“ – рече Столтенберг на пресконференцијата која го заокружи денешниот ден од Самитот. Се очекува утре да биде одржана церемонијата на која Столтенберг официјално ќе го покани премиерот Зоран Заев.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет