ЗОШТО ТРЕБА ДА ПРОСЛАВИМЕ: ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА Е ПОБЕДА И ПОРАЗ, НО ПОБЕДАТА Е МНОГУ ПОГОЛЕМА ОД ПОРАЗОТ, ЗАТОА ВРЕДИ ДА СЕ ПРОСЛАВИ!

Објавено на 12.07.2018 во 14:08:11 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Секоја победа е во исто време и некаков пораз. На пример, победата на Русија во втора светска војна ја чинече 22 милиони жртви. Со толкава бројка на загинати, се чини поразот е дури поголем од победата.

Секоја победа бара жртви и мали порази.

Успешноста на пример во кариерата бара отсуство од дома, запоставување на жена и деца, пожртвуваност на сметка на приватен живот, стрес, превработеност, депресија, дебелина итн итн...

Така и договорот со Грција. Тоа е победа и пораз во исто време.

Но победата е многу поголема споредена со поразот.

Добиваме ново име, добиваме откажување од антика, но добиваме сигурна и богата иднина, нема веќе неизвесност ќе не биде ли, ќе има многу полесен побогат живот за народот, конечно ќе се спасиме од банкрот, ќе има за сите шанса да успеат тука, дома, а не во странство... Дури и тие што ќе одат во странство, ќе имаат ЕУ пасош во џебот...

Затоа вреди да се прослави, затоа треба да ја победиме оваа победа, за да го дочекаме референдумот во победничка атмосфера и еуфорија, тоа е лекот за сите скептици и депресивци!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија