ВНИМАВАЈТЕ: 10 МАНИПУЛАТОРСКИ ФИНТИ СО КОИ МРЧАТОРИТЕ ЌЕ ПРОБААТ ДА ГО САБОТИРААТ РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА СО ЦЕЛ ДА НЕ УСПЕЕ

Објавено на 12.07.2018 во 15:45:36 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


ВМРО ДПМНЕ и нивните куртони по медиуми и ботови на социјални мрежи и разните експертутки колумнисти и стални гости по дебати, Русофилите, Руските платеници и луѓето кои органски го мразат Заев плус Левица ќе пробаат да го саботираат референдумот за договорот со Грција, затоа што за нив успешен референдум значи влез на Македонија во ЕУ и НАТО и децении Заев премиер, што е нешто незамисливо за нив, рамно на ноќна мора!!!

Затоа тие ќе пробаат да го саботираат референдумот, но тоа ќе се прави со подли манипулаторски методи, еве десет од нив:

1. НАТО и ЕУ ќе се распаднат кај да е.

Трамп вчера дигаше галама за да ги натера членките на НАТО да вложат повеќе во воена опрема, што значи да купат повеќе оружје од САД, но муабетите дека НАТО ќе се распадне се смешни. За ЕУ, да Британија ја напушти, но дури и сега кога излегува од ЕУ, таа сака да има специјален однос со ЕУ, речиси ќе биде членка на ЕУ, т.е земја со специјални врски со ЕУ, зошто е тоа така? Затоа што ЕУ сепак има голема моќ, на економски, политички и секаков друг план...

НАТО и ЕУ ќе останат на сила уште најмалку 50 години, таман доволно време да за пола век да ја оправиме нашата држава и да ја застанеме на нозе, па после здравје, ќе му ја мислиме.

Запомнете - сакаат само да ве убедат да седите дома на денот на референдумот, да ве напунат со рамнодушност и незаинтересираност, тоа се едни од нивните најсилни оружја.

2. НАТО и ЕУ и да не се распаднат, нема корист од нив.

Секако дека има корист од нив, ЕУ и НАТО како земји се како лиценца за квалитет, еден вид ИСО стандард ама за држава а не за фирма.

Се знае дека до моментот да влеземе во ЕУ земјава ќе се реобрази, ќе се реформира, ќе се среди, а потоа во ЕУ и НАТО ќе имаме подобра трговија, подобри услови за раст на економијата, безбедност, инвестиции итн итн...

Запомнете - сакаат само да ве убедат да седите дома на денот на референдумот, да ве напунат со рамнодушност и незаинтересираност, тоа се едни од нивните најсилни оружја.

3. НАТО и ЕУ нема да се распаднат и има корист од нив, ама не вредат по цената која треба да ја платиме.

Договорот со Грција воопшто не е фатален за нас како народ, нација, држава. Воопшто не е понижувачки и самоубиствен, баш напротив, компромисот е фер и доказ за тоа е отпорот во Грчката опозиција за договорот.

Запомнете - сакаат само да ве убедат да седите дома на денот на референдумот, да ве напунат со страв и паника, тоа се едни од нивните најсилни оружја.

4. НАТО и ЕУ нема да се распаднат, има корист од нив, договорот е добар, ама Грција нема да го испоштува, ќе не заебе.

Сепак Грција не е аматерска организација, тоа е сепак држава која е долги години членка на ЕУ и НАТО, гарантори на договорот се велесилите во ЕУ и НАТО, сепак имаат тие механизми како да ја вразумат Грција ако реши да игра соло и да крши договор, не е тоа плукни залепи.

Запомнете - сакаат само да ве убедат да седите дома на денот на референдумот, да ве напунат со рамнодушност и незаинтересираност, тоа се едни од нивните најсилни оружја.

5. Све е ок, Грција нема да не заебе, али не вреди целата мака, референдумот нема да успее.

Референдумот има големи шанси да успее. Сепак над 70% од граѓаните сакаат земјава да влезе во ЕУ и НАТО. Цената која ја плаќаме за тоа не е голема, целта е остварлива, власта треба да ги убеди тие 70% да излезат на референдумот, и да успееме со 55% пак ќе успееме, значи шанси за успех се многу големи.

Запомнете - сакаат само да ве убедат да седите дома, да ве напунат со дефетизам, тоа е нивното најсилно оружје.

6. Све е ок, Грција ќе си стои на зборот, референдумот ќе успее, али сега не е време за прослава и еуфорија, треба да се фатиме за работа, речиси ништо не чини, само се фалите и кревате паника, но ништо немате сработено.

Со ова ќе се обидат да спречат еуфорија а таа е лек за дефетизмот, за стравот, за рамнодушноста. Запомнете, со ова сакаат да ја уништат еуфоријата, нашето најсилно оружје кое охрабрува маси да се кренат како цунами на денот на референдумот.

7. Треба да се прослави датумот за ЕУ и НАТО, али со ваши пари, а не со државни пари.

Секако дека треба да се прослави. Ова е голем ден за нас, целта е сеуште далеку, но драстично сме поблиску, помината е една многу клучна фаза, како во фудбал, се слави помиунвањето на групната фаза и пласирањето во финалната фаза, нема ништо спорно во славењето. Но они сакаат да го уништат триумфализмот, еуфоријата, сакаат да победи дефетизмот, да победи наративот дека ова е пораз наместо победа.

Запомнете, ќе сакаат да ве убедат дека ова е пораз а не победа, чувството на пораз ќе биде нивно силно оружје на кое ќе играат за да не успее референдумот. Затоа ќе се бараат секакви причини за да нема славје, па дури и се оди со вакви небулози демек славете ама со ваши приватни пари, небаре влезот во ЕУ и НАТО е приватна журка а не државен проект од стратешко историско значење за земјата.

8. Абе каква прослава, тие пари да се дадат за хуманитарни цели, на кого му дошло до прослава?! И што уопште славиме?!

Ова е варијанта на погорното, но се користат малце посуптилни манипулации и финти, се набројуваат сите проблеми во државата и се бара парите за прославата да се дадат во хуманитарни цели наместо во славје.

Исто и ова е голем спин, едно општество како и едно семејство има право на славје во одредени моменти, не може само да има тага, штама и депресија, мора да има и кревање на моралот на нацијата особено во вистински реални оправдани моменти.

Ова е подол спин затоа што се удара по најболните теми и се оди на предизвикување емоција и бес и лутина, но финтата е што славјето и целиот процес се во една целина која на крај ќе предизвика системско решавање на сите проблеми на кои се алудира како причина да нема слваје, значи со влезот во ЕУ и НАТО драстично ќе се намали сиромаштијата, ќе се крене квалитетот на здравствената заштита, образованието, социјалната грижа, инфраструткура итн итн итн...

9. Све е добро, али немаме кадарни луѓе за све ова да го сработат, ништо нема да биде од ова...

Кој го одработи сето ова досега? Да не паднаа од небо договорите со Бугарија и Грција? Овие датуми да не ни ги дадоа затоа што Димитров и Заев се многу убави и згодни?

Имаме кадар, имаме воља, го имаме моментот, имаме пријатели во странство, ни се наместија коцките, сега е историскиот момент, ова мора да го зграпчиме. 

Запомнете - ќе сакаат да ве збунат, да ви фрлат песок во очите, да кренат магла да не го видиме моментот, да ја промашиме топката која ни е сервирана на пеналтикот а дури и голман нема на голот.

10. Сите се исти, све е исто, ова е само ПР, све е измама, ни требаат вистински реформатори...

Не е точно дека сите се исти и дека се е исто. Има драстичен напредок речиси во сите сфери на општеството.

Кој можеше да замисли дека власта ќе апси свој градоначалник со се цела фамилија со полициска потера и со пукање со пиштоли?!?!?!

Кога последен пат сме имале претепан новинар?!

Или затворен медиум поради политички притисок?!

Или бегање од тв дебата?!

Или нарачани прашања на интервју или прес?!

Судовите се полни со политичари кои се огрешиле, имаме први казни за Груевски, осуден е на 3,5 години затвор, на ред се десетици други казни кои се во исчекување.

Паднаа првите дебели казни за 27-ми април. Се чека допрва главното судење за организаторите кои се обвинети за тероризам.

Владата е најтранспарентна во регионот. Помалку троши за 50% од претходната на луксуз и ручеци и вечери.

Парламентот ги намаали за 30% патните трошоци.

Има подобрување во социјалната грижа, качени се платите и социјалната помош.

Има раст во странските инвестиции, има раст и во многу бизнис гранки, ќе има раст и во најслабата карика, градежништвото, веќе се откочија многу проекти за патишта.

Секој кој е реален ќе види напредок и тоа голем, но ќе има уште поголем напредок како ќе почнеме да преговараме со ЕУ.

Тоа е дечки, памет у глава, отворете ги очите, за вас се работи, вие сте кројачи на својата судбина. Не паѓајте на манипулации, лаги и спинови, сакаат да ве излажат и да се вратиме назад во Груевизмот!

П.С Заборавив и за лудата теза дека како членка на НАТО ќе сме биле таргет за напад од Русија.

Дечки ако дојде до војна меѓу НАТО и Русија, светот и онака ќе отиде во неповрат кога ќе запукаат со нуклеарки. Сценариото со кое Русите ќе трошат нуклеарка за нас наместо да го гаѓаат Тексас или Њујорк или Лондон е смешна теза и не вреди многу да се анализира. Многу е поверојатно дека од страв од НАТО никој нема да смее да не нападне, без разлика што воено сме многу слаби и немаме ниту авијација нити нови тенкови нити ракети нити ништо...

Бенефитите од НАТО се многу пореални од некакви филмски сценарија за судир на НАТО со Русија. Запомнете, ако беше Украина дел од НАТО, дали Русија ќе се дрзнеше да ја расцепи на три дела, го отцепија Крим и создадоа автономна држава во источниот дел околу Донбас.

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија