ЗАЕВ ПРЕД НОВИНАРИТЕ ВО БРИСЕЛ: Ви реков дека ќе падне режим и падна режим, сега ви велам дека ќе успее референдумот

Објавено на 12.07.2018 во 17:27:24 часот | Македонија

Премиерот Зоран Заев, го истакна пенкалото како симбол на успесите на Владата на денешната прес конференција во Брисел по потпишувањето на поканата за прием во НАТО.

На новинарско прашање што доколку не успее референдумот, Заев рече дека ни под разно не размислува дека нема да успее.

-Ви реков дека ќе падне режим и падна режим. Ви реков ќе станеме 30-та членка на НАТО и станавме. Ова, пенкалото, целиот период не движи. Режим падна со пенкало, сега потпишавме и добивме покана за НАТО. Верувам до небото. Добивме датум за преговори со ЕУ, таа верба не носи. Ни по точка разно не размислувам дека нема да успее референдумот. Ќе успее и ќе биде порака дека има народи, нации и мултиетнички општества кои веруваат во својата иднина. Колку и да е тешка ќе ја донесе одлуката сите заедно во Република Македонија – рече Заев.

Тој изрази жалење што претседателот Ѓорге Иванов не е дел од делегацијата на Македонија во НАТО. Од Иванов, рече Заев, не добиле ништо, ниту било каква порака, ниту честитка за поканата на НАТО.

-Ние мораме да ја прифатиме одлуката на граѓаните, каква и да е. Оваа прилика уште еднаш ќе ја искористам да ги повикам да се се приклучат сите да им помогнеме на граѓаните, да бидеме ветар во нивниот грб. Со пенкало, само така и личи на Македонија. Иднината на Македонија ќе биде обезбедена пред се од нас, да го дадат својот глас – рече тој.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет