ЅВЕЗДАН ГЕОРГИЕВСКИ: Зошто да не се радуваме затоа што сме влегле на Светско првенство?!

Објавено на 12.07.2018 во 17:30:46 часот | Македонија

Значи ќе пробам, иако знам дека нема да успеам и знам дека ќе ме растурат мите фанови-хејтери. Околу НАТО, се разбира.
 
Прво, поканата на НАТО не е со ништо условена, туку е покана за пристапни преговори. Во 2008 (Букурешт) добивме условена покана, односно „ќе ве поканиме кога ќе видиме дека го решивте името“.
 
Пристапни преговори се нормална процедура во НАТО. Црна Гора, на пример, ја примија година и пол, после поканата. Хрватска ја примија после година дена (и некој месец) после поканата во Букурешт.
 
Така што со оваа покана ние се квалификувавме на Светско првенство и првпат ќе играме со светските веле-сили. Дали ќе изиграме добро и креативно, или ќе играме „бункер“ зависи само од нашиот квалитет, дури не толку и од тренерот.
 
Всушност, поентата ми е друга - зошто да не се радуваме затоа што сме влегле на Светско првенство. Дури и ако одма испаднеме и никогаш повеќе да немаме шанса пак да влеземе.
 
А од друга страна, зошто да не сонуваме дека и вакви какви што сме можеме еден ден рамноправно да играме со другите, а не само да ни даваат голови затоа што ние не сме се ни појавиле на теренот.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет