БРАВО ЗА ВИНИЦА: Почна да се гради водовод за најголемото село со 700 жители!

Објавено на 12.07.2018 во 21:35:40 часот | Македонија

Денес на надморска височина од 700 метри, со сите црковни почести, започна изградбата на новата фабрика за преработка на вода за пиење, за квалитетно водоснабдување на с.Трсино со кој е предвидена изградба на нов резервоар за пиење, но и реконструкција на доводниот цевковод.

Постоечките извори од кои се зафаќа водата за домаќинствата во с.Трсино, не ги задоволуваат потребите на селото за квалитена вода за пиење, така да после дожд и особено во сушните летни периоди, водата е бактериолошки неисправна за пиење.

- “Со изградбата на овој објект ќе се одвива процес на третман-преработка на вода според позитивната законска регулатива и доведување до фаза на безбедна и исправна вода за пиење која понатаму ќе се дистрибуира до вашите домови. Пречистувањето на водата ќе се одвива по следната технолошка шема: грубо филтрирање, фино филтрирање и дезинфекција, а крајниот исход ќе биде гаранција за санитарно исправна вода за пиење“, рече градоначалникот Ивица Димитров кој денес се обрати кон месното население.

Свое обраќање имаше и претседателот на Месната заедница на Трсино, Зоран Ристовски. Со изградбата на новиот објект за кој инвестицијата е 10.603.000,00 денари, средства кои општина Виница ги обезбеди од сопствениот Буџет и од Европската инвестициона Банка, значително ќе се намалат загубите на вода од изворот, а општината ќе заштеди на трошоци за поправки кои ќе се пренаменат за други приоритени комунални услуги во селото кое брои околу 700 активни жители.

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет