Ако Канал 5 го покани уште 3-4 пати Ристо Никовски во Само Вистина и го соочи со неспособен копук како Сефер Тахири, ќе пропадне и Референдум и НАТО и ЕУ и земјата ќе се распадне...

Објавено на 13.07.2018 во 12:57:26 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Се држев за глава цел саат додека ја гледав Само Вистина со Сефер Тахири и Ристо Никовски, која премиерно одеше на денот кога ја добивме поканата за НАТО во Брисел.

Ристо беше како на 2 ред була и 4 еспреса, буквало беше како на нуклеарно гориво, изгледа тоа руското и српското во него максимално се беше разбудило, изгледа влезот во НАТО за овие луѓе е смак света!

Од друга страна пак, видов таков аматеризам на новинарот и екс уредник во Алсат М Сефер Тахири, таква интелектуална неспособност, таква некадарност да се справиш со таков манипулатор, таква несериозност да не се спремиш за интервју со еден таков МЕГА КУРТОН кој дошол во емисија со цела папка изјави на Албански лидери од 1990-та па наваму, просто не ми се веруваше на очите и ушите.

Сефер дури ниту договорот со Грција го немаше добро прочитано во детали и запаметено за да може да му опонира кога овој лажеше и спинуваше и измислуваше.

Само се кикотеше и се чудеше што да му одговори на Никовски, а овој цел саат бришеше под со него, го шамараше, си играше како лав што си игра во савана со мало јаре од антилопа...

Ристо збореше за голема Албанија, за заговор на светот против Македонија, за клетите Грци, за тоа дека ние сме биле како зомбија, дека све Македонско ќе исчезнело, а Тахири наместо да го раскринка и замолчи, он цел саат му сервираше смешни волеи, од типот, ајде амбасадоре, сте биле во Албанија амбасадор, кажете ми дали има идеи за голема Албанија, по што Рики држеше монолози по пола саат со анегдоти со вицеви со све...

ЦЦЦ, мајко мила, од вакви новинари како Тахири си патиме, неспособни кретени, кои 30 години не знаат да им се спротистават на агресивните манипулатори кои ги лажат масите и им го перат мозокот!

Ако Канал 5 одлучи да го покани Ристо Никовски уште 3-4 пати во ТВ прајм тајм вечерен термин пред 100 000 публика и го соочи со сличен ваков некадарен копук, ојде у мајчину и референдум и име и НАТО и ЕУ и све...

А Тахири само требаше да го праша Рикита, кај се твоите деца, твоите двајца синови кај се? Тие се во АМЕРИКА! Тамо се и внуците на Рики! Крај на дебатата!

Требаше да го праша, што е подобро за една нација, да добие гаранции за јазикот и идентитетот и потоа да добие шанса да се развива, или да зема бугарски пасоши и да се иселува по светот?!

Требаше да го праша зошто шири омраза и страв за Албанците, кога очигледно е дека тие сакаат едно општество за сите, гласаа 50 000 за СДСМ, зарем малку беа конфликти и војни меѓу Албанците и Македонците?!

Требаше да го праша зошто тој самиот заговараше промена на името во Вардарска Македонија а сега сече вени за Северна Македонија?! Зарем Сефер толку не прати политика и не проверил на интернет за интервјуто на Никовски со Биљана Секуловска на поранешната А1 во 2010-та?!

Мајко мила, каква шанса да се згази еден манипулатор, наместо тоа он не згази нас и еден саат сееше отров како во најдоброто време на Груевизмот...

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија