ЗАЕВ ГО ОТКРИ ПЛАНОТ ЗА ТОА КАКО ДА УСПЕЕ РЕФЕРЕНДУМОТ, ТОА ГО НАПРАВИ НА ПРЕСОТ ПРЕД СИТЕ НОВИНАРИ ВО БРИСЕЛ

Објавено на 14.07.2018 во 13:33:28 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


 На прашање на новинар, зошто е толку уверен дека референдумот ќе успее, Заев наместо анкети, се осврна на својот авторитет и кредибилитет пред јавноста. Затоа го рече она легендарно:

- Ви реков ли дека ќе падне режим, ви реков ли дека ќе станам премиер, ви реков ли дека ќе добиеме покана за ЕУ и НАТО, епа сега ви велам и референдумот ќе успее.

Оваа негова изјава го открива и планот на владата за тоа како да успее референдумот.

Очигледно е дека Заев и сите останати ќе го вложат својот авторитет пред јавноста и со тоа да приберат доволен број гласачи кои ќе излезат на референдумот и ќе гласаат ЗА.

Значи Заев ќе треба да го зголеми бројот на своите близу 500 000 гласачи, Али Ахмети ќе треба да се врати на своите 100 000 гласачи, останатите албански партии ќе донесат уште 100 000 гласачи, Амди Бајрам, Самка, Турците, Власите, Бошњаците ќе треба да изнесат уште 100 000...

Ќе ни требаат и уште 100 000 неопределени, тоа се луѓето на Павле Трајанов, Лиле ДОМ, и останатите мали партии или пак непартиски и неполитички определени гласачи блиски до НВО секторот кои сепак ќе сакаат земјава да биде членка на ЕУ и НАТО.

Секако тука сметам на околу 100 000 десничари, дел од ВМРО ДПМНЕ околу реформаторите и останатите десничарски партии ОМ, ВМРО НП, Достоинство...

Ете тој е тој 1 милион кон кој таргетираме и целиме и мислам дека ќе успееме!!!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија