ВЕЧЕРВА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА СЛАВИ ПОКАНИ ЗА ЕУ И НАТО, ЗАБАВИТЕ ВО ПОВЕЌЕТО ГРАДОВИ ПОЧНУВААТ ВО 21 ЧАСОТ, ОСВЕН ТЕТОВО И ОХРИД

Објавено на 14.07.2018 во 19:15:07 часот | Македонија

Премиерот Заев: Почитувани граѓани, во сабота заеднички да го прославиме историскиот успех, Македонија во НАТО и ЕУ!

Почитувани, 

Во името на Владата на Република Македонија, премиерот Зоран Заев денеска упати покана до сите граѓани за заедничка прослава на историскиот успех на Македонија.

Македонија доби покана да стане членка на НАТО и има датум за преговори со Европската Унија. Се изборивме за сигурна иднина!

Доаѓа време на надеж, на победи, на гордост. Време на сигурност и безбедност.

Доаѓа време на подобар живот за сите граѓани, тука, во нашата земја.

Почитувани граѓани,

Во сабота, на 14 јули, да се обединиме и заеднички да го прославиме историскиот успех на Македонија.

Ќе славиме во 15 градови ширум земјата, заедно со најголемите домашни ѕвезди.

Скопје, почеток во 21:00 часот со: Кирил Џајковски, Архангел, Quepurdat

Битола, почеток во 21:00 часот со: Дејан Декс, Flooder, Дуке Бојаџиев, Горан Кан.

Велес, почеток во 21:00 часот со: Ферус Мустафов, Слаткар

Гевгелија, почеток во 21:00 часот со: Бени Нон Стоп + Златко Ориѓански, Ерик Фокс

Гостивар, почеток во 21:00 часот со: Феки Ферис, Ареа

Кавадарци, почеток во 21:00 часот со: Кристина Арнаудова, Нокаут

Кичево, почеток во 21:00 часот со: Адријан Гаџа, Владо Јаневски

Кочани, почеток во 21:00 часот со: Лепи Џони, Баклава, Conquering Lion

Куманово, почеток во 21:00 часот со Мухамед Ибрахими, Шутка Рома Рап, ПМЏ Колектив, Фолтин

Охрид, почеток во 18:00 часот со: Лозано, Исмаил Лумановски

Прилеп, почеток во 20:00 часот со: 5 Плус Бенд

Струга, почеток во 21:00 часот со: Бла бла бла, САФ, Маци Стојановиќ

Струмица, почеток во 21:00 часот со:   Чалгија Саунд Систем, Љубојна

Тетово, почеток во 18:00 часот со: Биг Мама, Хај Контрол, Шпат Касапи, Дани Димитровска

Штип, почеток 21:00 часот, со: Елена Ристовска, ДНК

Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ!

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет