ВНИМАВАЈТЕ, РУСКАТА ПРОПАГАНДА ДЕНОВИВЕ ВО МАКЕДОНИЈА Е ПУШТЕНА НА НАЈЈАКО!!!

Објавено на 15.07.2018 во 12:24:03 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Во секој чекор во процесот кон референдумот, владејачкото мнозинство ќе наиде на жестока САБОТАЖА!!!

Во моментов, иако ВМРО ДПМНЕ јавно декларира дека е свртена кон ЕУ и НАТО, сепак сите нејзини капацитети кои ги има на располагање ќе бидат во служба на руската пропаганда,, надземна и подземна, за спречување на влезот на земјата во ЕУ и НАТО.

Погледнете колку се само повампирени стотиците ботови на социјалните мрежи, работат како да е прашање на живот или смрт.

Во моментов ВМРО ДПМНЕ, Русија и незадоволните структури на Левицата кои органски го мразат Заев се во една невидена синхронизација и пламена коалиција.

Делуваат уиграно, сложно, повампирено. Фрчат изјави, колумни, спинови, манипулации. За тоа како ќе се обидат да го саботираат референдумот пишуував пред некој ден овде, денеска сме сведоци дека на дело е финатата НАРОДОТ НЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПРОСЛАВА, ЗАЕВ ДОЖИВЕА ДЕБАКЛ, НАРОДОТ НЕ САКА ДА ГО СМЕНИ ИМЕТО, НАРОДОТ НЕ САКА ВО ЕУ И НАТО ПО СЕКОЈА ЦЕНА итн итн...

И како што забележување, во ова фаза од проектот за САБОТАЖА вклучени се куртони на ВМРО ДПМНЕ, чисти Русофили како Бачев, Миленко и Мирка до изразени левичари како Мицковски, Геровски, Милчин и слични кои органски не го варат Заев и неговите луѓе.

Секако, за да им успее измамата, сите се користат со свои фатаморгани и камуфлажи.

ВМРО ДПМНЕ се крие наводно зад зачувување на македонското достоинство, иако демек они  биле за влез во ЕУ и НАТО.

Русофилите демек ја штителе земјата од можен судир на НАТО со Русија, па демек они сакале земјава да не биде погодена со интерконтитентална балистичка ракета?!?!

Левичарите попут Геро пак се во акција на делење памет, демек они сакале референдумот да успее, ама се што правеле Заев и компанија било погрешно, демек некадарни, слепци, копуци, иако се што постигнаа досега тие го покажува спротивното, но пуст проект и надеж дека Заев и Ко мора да бидат поразени, за Бихачка да биде конечно ослободена и вратена во рацете на старите структури на СДСМ каде овие оставени и осамени левичари пак ќе бидат АЛФА И ОМЕГА!

Заев е исправен пред најголемиот предизвик во својата политичка кариера. Една Хилари Клинтон беше поразена пред ваква слична болумента во САД, еден Камерон беше згазен од ваква слична болумента во Британија, и нашиот Заев ќе има големи битки за биење и ќе мора да се издигне највисоко што може над брановите кои ќе се обидат да го потопат во деновитте што идат.

Истото важи и за сите нас кои ќе бидеме позади него и ќе му ја дадеме сета поддршка што можеме да ја дадеме, па нека биде што биде!

п.с Први кои настрадаа од Руската ПР машина во спрега со македонската опозиција и разочарана левица која се моли Заев да не успее, се некои македонски музичари, лесна им земја изведувачка!

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија