СРБИЈА И ХРВАТСКА СПОРТСКИ ВЕЛЕСИЛИ: Ѓоковиќ по четврти пат го освои Вимблдон, Хрватска втора на светското во Русија

Објавено на 15.07.2018 во 21:02:38 часот | Спорт

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ победи по четврти пат го освои Грен слемот Вимблдон, откако попладнево во финалето го совлада Кевин Андерсон со 3-0, по сетови 6:2, 6:2, 7:6 (7: 3).

До шестата победа во седмиот меѓусебен дуел Ѓоковиќ дојде со импресивна игра, особено во првите два сета, така што тој имаше мали проблеми само во финишот на третиот сет.

За Србинот ова беше 13. титула на Гренд слем турнирите и вкупно 69 во кариерата.

Наградниот фонд на Вимблдон изнесува 34 милиони фунти.

Хрватите пак освоија второ место, сребро на светското во Русија, па дури имаа и подобра игра од Франција која стана светски шампион.

Браво за нашите соседи, вистински спортски велесили!

 

 

* реклами:

 

 

Спорт

Македонија