ЧОМОВСКИ СЕ ОДЈАВИ ОД ТЕЛМА, ЗАМИНУВА НА 1 ТВ КАЈ КАБРАНОВ И БОКИ

Објавено на 15.07.2018 во 21:11:18 часот | Македонија

Ветеранот во мак новинарството, Александар Чомовски пред неколку денови во Топ Тема се одјави од својот ангажман на Телма.

Тој учествуваше во емисиите речиси 3 години. Тој не откри каде ќе ја продолжи новинарската кариера, но Мактел дознава дека тој ќе продолжи на 1 ТВ кај Кабранов и Боки 13-ка.

Тоа ќе значи дека старата А1 полека се собира на едно место, тамо се Кочишки и Кабранов, сега оди Чом а во преговори бил и Борјан Јовановски. Тамо е веќе и новинарскиот тешкаш, во секоја смисла, Сашо Ордановски.

Тоа ќе биде страшна екипа, Мактел му честита на Боки 13, човекот прави растур на медискиот пазар со својот проект 1 ТВ.

Инаку, кога сме кај Чом, ние на Мактел сме жестоки критичари на неговата работа како водител, особено скандалозното интервју со Груевски еден ден по 27-ми април 2017-та, но сепак тоа не значи дека не го цениме Чомовски како новинарска легенда, имал тој одлични моменти во својата кариера па и минативе години, тој сепак е секогаш на правилната страна во сите битки, само тоа го работи на свој начин и некогаш ние не се согласуваме со методите и пристапот.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет