(ВИДЕО) БАГЕРИ РИКААТ СЕКОЈ ДЕН ВО ГАЗИ БАБА, ОПШТИНАТА ГО ИМА ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО ДРЖАВАТА

Објавено на 15.07.2018 во 21:44:49 часот | Македонија

Започнавме со асфалтирањето на улица Товарник 1 во Ченто, откако претходно поставивме целосна водоводна, атмосферска и канализациона мрежа.

Тесната и тешко пристапна улица, каде едвај се разминуваа две возила и која во голем дел беше узрурпирана, веќе има нов лик. Добивме улица широка 5 метри, во две ленти, со тротоари од двете страни за поголема безбедност на пешаците, а која е долга 515 метри.

Со оваа улица ставаме крај на неплански градените улици во општината. По принципот на Товарник ќе бидат урбанизирани сите улици во Гази Баба.

Голема благодарност до граѓаните што го препознаа нашиот искрен пристап и што имаа трпение додека траеше целиот процес.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет