Го слушам Мицко кај Бурекот, овие ѓубриња вмровски 10 години си играа политички игри со името и влезот во ЕУ и НАТО, и сега пак продолжуваат со таа прљава нечесна игра врз грбот на народот?!?!

Објавено на 15.07.2018 во 23:19:00 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Мицковски и новото раководство на ВМРО ДПМНЕ нема храброст да се огради од криминалите и грешките на Груевци и особено кланицата на 27-ми април, и ја прави истата грешка што ја направи Груевски кога почнаа да пукаат бомбите на Заев.

Тогаш Грујо немаше храброст да се извини и да се повлече, па се сврте во ширење АЛБАНОФОБИЈА  и ЗАПАДОФОБИЈА со цел да проба да се спаси и ја изолира ВМРО ДПМНЕ и падна катастрофално од власт, што можеби немаше да се случи ако дојдеше нова екипа на чело на ВМРО ДПМНЕ.

Сега, Мицковски од немоќ да понуди нова идологија, кредибилни луѓе и прочистена партија, реши да се врати на старата техника на ВМРО ДПМНЕ од времето на Грујо - да го политизира проблемот со Грција и влезот во ЕУ и НАТО, да шири паника за сето тоа и да гледа некако да упеца некој политички поен по цена дури и земјава да доживее национална катастрофа и да се распадне (а крахот на договорот со Грција ќе предизвика таков раздор меѓу Македонците и Албанците што ќе биде тоа самоубиствено за земјата).

Замислете, Грујо 10 години наместо да го реши проблемот и да ја внесе земјата во ЕУ и НАТО, тој 10 години од тоа правеше политички пазар и си победуваше на избори. Сега Мицко, продолжува по истиот пат?! Еј, и кога се опозиција, пак на грбот на народот си играат политички игри и ловат поенчиња, тотално без грижа за тоа што ќе биде со државата во иднина?!?!

Не им е гајле што земјата ќе остане без милијарди долари инвестиции, што ќе останеме без безбедноста на чадорот на НАТО, што ќе ја обезбедиме земјата со навек, ќе превенираме потенцијални судири како Кумановско Диво Насеље, Смиљковско Езеро итн итн...

Просто е неверојатно колку се неодговорни и расипани и несериозни и подли и бараби овие ВМРО-ВЦИВЕ, кои се ова само тешки ропаци и ѓубриња мајко мила, шљамот на нацијата, најголемите душмани се ова на нацијата и државата!!!

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија