БОМБА НА МАКЕДОНСКИ АНАЛИТИЧАР: Русија деновиве внесе 20 милиони евра во Македонија за пропаганда против договорот со Грција!

Објавено на 16.07.2018 во 12:30:37 часот | Македонија

 
Тролањето, дефокусирањето, пропагандата и замајувањето на плебсот со кревок ум е пуштено на најјако. Десетици портали, медиуми и јавни личности последниве денови, а и во следните неколку месеци, со сите сили ќе пробуваат да нè убедат дека не ни требаат НАТО и ЕУ и дека сме Северни Македонци. Уште повеќе, дека Заев и екипата го продале името.
 
Тоа се прави со таков интензитет,затоа што по разни канали во изминатите неколку месеци во Македонија се влезени повеќе од 20 милиони евра руски пари наменети за финансирање на оваа црна кампања. Се обидоа со Солза и Бачев, не успеаа, па сега одат со нова посуптилна и поосмислена стратегија, односно ја дисперзираат кампањата. Од она што го гледам, владиниот тим за ПР не е на висината на задачата и не успева адекватно да ги пресретне овие кукавички јајца. Потребна е хардкор кампања за ширење на вистината и информирање на заблудените и дезинформираните граѓани.
 
По мене, неопходно е веднаш, уште утре, да се испечатат 500.000 брошури и да се достават во секој дом, а во кои ќе се објави договорот со Грција интегрално и ќе се појаснат бенефитите од истиот за државата на подолг рок. Потоа треба да се постават билборди низ градовите во кои ќе стојат пораки од типот “Остануваме Македонци и “Јазикот е македонски” со фуснота од членот на договорот каде што е тоа неведено.
 
Исто така, треба постојано да се потенцираат стабилноста и прогресот кои ги носат членството во ЕУ и НАТО за државите членки. Потоа, секојдневно на МТВ и другите национални и локални телевизии да се емитуваат интервјуа со званичници и граѓани од балканските држави кои се веќе членки на НАТО и ЕУ, околу нивните позитивни искуствата и бенефитите од членството за државите, но и за граѓаните.
 
Ајде момци, многу сте лабави, срамота е јас да ви делам ум, ова вие треба подобро од мене да го знаете, платени сте за тоа.
 
(Фејсбук статус на Александар Левески)

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет