ШОКАНТНО: РУСКИОТ МИЛИЈАРДЕР КОЈ ЖИВЕЕ ВО ГРЦИЈА ИМ ДАЛ 300 000 ЕВРА НА НАВИВАЧИ И ПОЛИТИЧАРИ ДА ПРАВАТ НЕРЕДИ ОКОЛУ ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА!!!

Објавено на 16.07.2018 во 22:11:10 часот | Македонија

Рускиот милијардер Иван Савиди, кој живее во Грција, дал стотици илјади евра на противници на предложената промена на името на земјата. Дел од сумата била дадена и на фудбалски хулигани кои протестираа во главниот град.

Македонскиот премиер  обвини „грчки бизнисмени“ приврзаници на интересите на Русија за поттикнување на немири во земјата поради предложената промена на името, кои би требало да го оневозможат влезот во НАТО.

Документите од Министерството за внатрешни работи во кои  увид имаа новинари на Истражувачката  лабораторијата на Македонија, партнер на Проектот за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP), откриваат најмалку еден извор преку кој се вршело плаќањето. На противниците на преименувањето, најмалку 300.000 евра им биле префрлени од Иван Савиди, руски милијардер кој живее во Грција и кој порано бил член на рускиот парламент.

Овие исплати биле вршени преку десетина македонски политичари од разни партии, членови на неодамна основаните радикални националистички организации и фудбалски навивачки хулигани на клубот Вардар кои учествуваа во неодамнешните немири.

Минатата недела Грција протера двајца руски дипломати кои им плаќале на  противниците на договорот за името и поттикнувале митинзи против договорот. Исто така, им забрани на други  двајца руски дипломати да влезат во земјата.

Москва ги негираше овие тврдења и го осуди потегот на Атина како неоснован. Портпаролката на Стејт департментот на САД, Хедер Наурт, напиша на Твитер дека САД ја поддржуваат Грција во одбрана на нејзиниот суверенитет. “Русија мора да стави крај на своето дестабилизирачко однесување”, напиша Наурт.

Според документите во кој увид имаа новинарите, Савиди ги префрлал парите во Македонија во серија плаќања. Дел од парите биле префрлени во готовина и пренесени преку граница на рака; биле користени и други методи. Полициски извори, кои побараа да останат анонимни, велат дека истрагата за трансферите е во тек, заедно со посебна истрага за бизнисите кои можеле да го поткопаат мирот и безбедноста во регионот.

 

Савиди, роден во Грузија, познат и како Савидис,  своето богатство го направил преку приватизацијата на она што ќе подоцна ќе стане најголема руска тутунска компанија. Тој е еден од најбогатите бизнисмени во Русија, со богатство од околу 2 милијарди американски долари. Откако се преселил во Грција во средината на 2000-те, го купил фудбалскиот клуб ПАОК и разни медиуми, а неговата бизнис империја е најразвиена во Солун.

Документите анализирани од новинарите покажуваат дека Савиди префрлил средствата во Македонија во серија исплати. Некои од нив беа направени во готовина и на рака пренесени преку границата. Искористени биле и поинакви методи. Полициски извори, кои побарале да останат анонимни, велат дека истрагата за трансферите е во тек, заедно со посебна истрага за бизниси чија цел е поткопување на мирот и безбедноста во регионот.

Новинарите за Investigative Reporting Lab ги потврдија трансферите на бизнисмените со некои од примателите.

Дел од лицата кои примиле пари ги потврдија трансферите беа група фудбалски хулигани поврзани со Комити, фан-клуб на фудбалскиот тим Вардар. Истите лица учествуваа во насилните протести во Скопје, а десет беа уапсени. Еден од хулиганите потврди дека групата добила пари од Савиди. Документите исто така покажуваат дека некои членови на групата не се согласиле да примат пари.

Комитите се познати по своите врски со политиката, особено со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а и претходно беа користени за да иницираат политички мотивирано насилство.

Фудбалскиот клуб Вардар е во сопственост на рускиот милионер Сергеј Самсоненко, кој, како и Савиди, живеел во рускиот град Ростов. Сега живее во Скопје и е почесен конзул на Русија во Битола.

На поранешниот лидер на Комити, Александар “Жути”, Колевски,  минатот викенд му беше забранет влез во Грција како персона нон грата која претставува “опасност за јавниот мир и безбедност, внатрешната безбедност, како и за меѓународните односи на Грција”.

Во разговор со новинарите на Reporting Lab Macedonia Колевски рекол: “Јас не сум закана за безбедноста. Сè што правам е од љубов кон земјата. Не сум добил пари. Јас сум обичен фан на Вардар “.

Савиди до моментот на објавување на текстот не одговорил на прашањата на новинарите.

Полициската истрага е во тек.

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет