ДРАГ ПРИЈАТЕЛЕ АЛЕКС РУЖИН, МНОГУ ГРЕШИШ, НЕ СЕ БОРЕВМЕ ЗА ДА СЕ УХЛЕБИМЕ, НЕ СЕ РАБОТИ ЗА КУРТО И МУРТО ПРИКАЗНА, СЕ БОРЕВМЕ ЗА НИКОЈ ДА НЕ УХЛЕБУВА ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ НА СМЕТКА НА СПОСОБНИ КАДРИ

Објавено на 18.07.2018 во 19:58:15 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


 Добро е што Алекс Ружин, Мери Николова и десетици други истакнати борци против режимот јавно негодуваат што новата власт не ги ухлебила или нив или нивни другари. Мојот драг пријател Ружин овие денови е актуелен со овој фб пост:

Јас го разбирам Алекс, тој размислува со срцето наместо со умот, тешко е да ги гледаш пријателите без пари очајни а знаеш колку дале за борбата со режимот. Во исто време безброј копилиња кои гнетеле една декада, уште гнетат. Што мислиш Алекс, како ни е нам кога ги гледаме куртоните како Трендо, Мирчевски, Златев, Сарма и слични кои пак лапаат и грантови и реклами и све иако десет години му служеа на режимот.
 
Но, сепак, ако Заев тргнеше да ги ухлебува партиските војски, многу ќе беше лошо, ос секој можен аспект. Да, на кратка стаза, партиските војски ќе беа среќни, но Македонија ќе заглавеше во патот кон ЕУ и НАТО, неутралците ќе се разочараа, СДСМ ќе паднеше од власт и ордите од ДПМНЕ пак ќе се вратеа и ќе тераа пак 10 години нов режим а може и цел еден век...
 
Токму ние борците најмногу треба да разбереме дека не треба да има привилегии за никого, државата мора да биде слепа за партиските бои. Но, јас тебе Алекс и на твоите другари ви предлагам да почнете бизниси, да аплицирате за грантовите на Фондот за иновации, сега сите врати се отворени, нема веќе црни листи на неподобни, сега секој нека покаже колку умее да направи пари, нека земат кредити, грантови, нека почнат да работат, да не чекаат некој да ги ухлеби за да се перчат во јавноста.
 
Само тоа е лекот, треба да бараме како либерали што повеќе откази да фрчат во државниот сектор, полека да се гасат агенции, министерства, да се намалуваат даноци, давачки, цени на разни лиценци и слично, тука е спасот друже Алекс Ружин!!!

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија