Јанко Бачев се повеќе ме плаши, се повеќе ми заличува на Адолф Хитлер во раната фаза кога одеше да држи говори по кафани...

Објавено на 19.07.2018 во 14:02:33 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


До скоро Јанко Бачев го сметав за многу лош политичар, ама многу безопасен.

Но сега се повеќе го сметам за многу лош политичар но се повеќе способен, и тоа многу ме плаши. Затоа што тоа е многу опасна комбинација.

Нема ништо полошо од лош политичар ама способен да убедува маси народ и способен да се докопа до власт.

Не велам дека Бачев е блиску до власт, но тој толку е опасен, толку има луди идеи, што дури неговата способност да истера јако оратоско фајтерско интервју како што беше она на ТВ Алфа од завчера, не прави уплашен до смрт.

Неговите лудачки тези дека ќе убивал предавници, ќе дошол на власт без избори, ќе ги сотрел педерите и атеистите, неговата хејтерска реторика и опседнатост со Албанците кои ги смета за подолу од човечки вид, го прави навистина македонска верзија на Адолф Хитлер.

Тој сега сеуште е во раната фаза на Хитлер кога тој уште се моташе по биртиите низ Минхен и збореше пред пијани пропалици, но сепак ги покажува првите знаци на можен позначаен политички продор, и тоа треба да биде знак за аларм кај сите.

Затоа ни треба ЕУ и НАТО за да може да ги преживееме овие лудачки битанги дури и ако успеат да се докопаат до 10-20 пратеници во парламентот. Само силни држави можат да издржат ужасно лоши политичари со голема политичка моќ, иако дури ни силните некогаш не успевале да додржат под нивниот налет, но наше е да се осигураме и да се бориме до крај.

Јас сум атеист, ама овој пат и господ нека ни е на помош!

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија