ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: КОНСУЛТАТИВЕН РЕФЕРЕНДУМ, НО СЕПАК ОБВРЗУВАЧКИ!

Објавено на 19.07.2018 во 15:36:58 часот | Македонија

 
До медиумите
 
Демократскиот сојуз подолго време предлага доколку се постигне компромисно решение  со Грција сврзано со разликите за нашето Уставно име- Република Македонија, пред носењето на конечната одлука во Парламентот, треба да се консултираат граѓаните.
 
Договорот со Грција е постигнат, Законот за ратификација на договорот е донесен, при што  пред промените во Уставот, неопходно е да се изјаснат граѓаните на консултативен референдум.
 
Без разлика на карактерот на референдумот, резултатите ќе бидат обврзувачки за сите.
 
Доколку референдумот е успешен, тогаш Парламентот има обврска да ги усвои Уставните измени, во спротивно, се сè враќа на почеток и ќе се блокираат евроатланските процеси.
 
Демократскиот  сојуз смета дека само со објективно и аргументирано информирање за предностите од членството во НАТО и ЕУ, граѓаните ќе ја донесат вистинската одлука и ќе ги отворат перспективите за Македонија.
 
Членство  во НАТО и ЕУ обезбедува стабилност, безбедност и правна сигурност, како основни предуслови за економски развој.
 
Ви благодариме на соработката.
 
Скопје 19.07.2018 година
 
Демократски сојуз

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет