Се чудам со колкава лудачка леснотија ВМРО ДПМНЕ, Левица, Бачев и останати битанги пробуваат да ги изгасат моторите на авионот Македонија затоа што не им се допаѓал чајот со кој се послужени, или климата била гласна или не ладела доволно...

Објавено на 19.07.2018 во 16:25:05 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Македонија е како еден залетан авион со 700 км на саат, а ЕУ и НАТО се моторите на кои летаме.

Ако некој ги тргне ЕУ и НАТО од иднината на земјата, тоа е практично гаснење на моторите на кои лета овој авион. Тоа што потоа ќе следува е жесток карамбол со некоја карпа, мочуриште или ливада, парче нема да остане од нас.

Се чудам со која лудачка леснотија некои битанги се обидуваат да ги угасат моторите на авионот Македонија затоа што не им се допаѓал чајот, супата или салатата со која се послужени... Или пак музиката, или газот им се здрвил од седиштето, или климата тропала или не ладела...

На Македонија со 30% албанско малцинство кое веќе еднаш крена востание за независност, опкружена со Косово кое де ќе се распадне де нема, со голем интерес на Русија и Србија земјата да се дестабилизира, со политичка и демократска свест која без ЕУ и НАТО е поблиску до Афрички стандарди отколку до европски, сосема е јасно дека ако се тргнат ЕУ и НАТО како блиска цел, тоа е државно самоубиство, буквално нож во срцето на земјата.

Не само безбедносно, тргањето на ЕУ и НАТО како блиска цел за земјава ќе значи и економски колапс, ние и онака сме најсиромашни во Европа, имаме огромна дупка во буџетот, во фондовите за пензиско, здравство и останато, веќе сме презадолжени, и без големи странски инвестиции и без голем раст на БДП поради бенефитите на НАТО и ЕУ, ние ќе пропаднеме.

Сите ќе се иселат, или никој нема да може да прави деца и да ја множи нацијата, ќе се угасиме самите себе...

Се прашувам, дали овие битанги, се луди па си играат со судбината на земјата, или се платени кучиња кои за пари се обидуваат да ја нурнат земјата во крв и во хаос?!?!

Шокиран сум од дрскоста на овие копилиња!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија