ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ: Не се враќам во политиката, јас имам своја партија од 2002-ра се вика Адора Инженеринг и тамо сум од утро до мрак и затоа имам илјадници задоволни купувачи на станови и деловен простор!

Објавено на 19.07.2018 во 18:39:30 часот | Македонија

- Не се враќам во политиката, во Радовиш бев на покана на бизнис пријатели затоа што Радовиш е мојот роден град и сакав да присуствувам на тој убав чин на изградба на капитална инвестиција во пречистителна станица.

Кратко се сретнав со премиерот кого го почитувам, но за мене тој е само премиер на земјата, не ми значи ништо кој од која партија е, јас сум сега во бизнисот, јас имам своја партија уште од 2002-ра и се вика Адора Инженеринг, таму сум од утро до мрак, 16 години ја градев од нула и сега тоа е гигант во градежништвото со над 2 илјади продадени станови во кои живее еден мини град од 10 000 народ.

Се е работено по промиси, не сум добил ниту еден тендер од буџетот, на градилишта сум од 6 сабајле па до 12 навечер, за мене нема викенди, нема одмори, и затоа имаме најдобри станови кои се купувани од илјадници задоволни купувачи и затоа сме најпрофитабилна фирма која сега е најголем акционер на нашата најголема и најуспешна банка. И тука не застануваме, одиме понатаму.

Во политиката не би се вратил по никоја цена, бизнисот е мојот предизвик, но сепак сум горд на мојот минат пратенички мандат од редовите на СДСМ, немам од што да се срамам, но сега за мене сите партии се исти, немам јас причина да бидам близок до ниту една партија, затоа што не конкурирам на тендери, туку на аукции во јавно наддавање купувам градежни локации и плаќам најголеми цени од што се полнат буџетите на многу општини со што потоа се градат школи и се прават улици, за мене како бизнисмен државата треба да ми озвомозжи фер услови за развој за да може да вработиме што повеќе луѓе и да имаме што поголем БДП и поголеми плати и појаки фирми кои ќе се борат и на регионални и светски рамки.

Бизнисменот Ванчо Чифлиганец, кралот на градежништвото и рударството во Македонија, со реакција до Мактел поради вчерашниот текст во кој се пошегувавме дека тој се враќа во СДСМ, што некои го разбраа многу погрешно.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет