ЈАВНОСТА ВО ШОК: Новиот театар во Тетово ќе чини фрапантни 40 милиони евра, од кои 27 милиони за ентериер, да не биде со злато и дијаманти?!?!

Објавено на 20.07.2018 во 11:19:57 часот | Македонија

ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ ТЕАТАР ВО ТЕТОВО ЧИНИ 13.5 МИЛИОНИ ЕВРА, А ЗА ЕНТЕРИЕРОТ ЌЕ ТРЕБААТ УШТЕ 26 МИЛИОНИ ЕВРА

Директорот на Центарот за култура, Хаки Фазлиу вели дека во новиот театар ќе биде вградена најсовремена сценска и ентериерна опрема, осветлување какво досега немало во Македонија па затоа се очекува и цената на опремувањето да биде толку висока (Фото: СДК.МК)

Пред четири години на просторот веднаш до Центарoт за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово започна со градба новиот повеќенаменски објект во кој е предвидено да има театар, библиотека со читални и кино сала.

Објектот беше најавуван како најзначајна инвестиција од областа на културата во градот и се ветуваше дека неговата градба ќе биде завршена во рекорден рок. Но, поради нерешени имотно правни односи, работите две години беа стопирани за во 2016 година да се продолжи во градбата.

„Согласно договорот што го имаме со изведувачот, објектот треба да се изгради до фаза карабина и да се затвори со фасада. Според проценките за оваа фаза изградбата ќе чини околу 13,5 милиони евра и очекуваме да биде завршена до крајот на оваа година. При градбата, од страна на изведувачот било побарано да се направи промена на основниот проект и оваа промена била одобрена од надлежните служби на Министерството за култура со анекс договор“, изјави министерот за култура Асаф Адеми кој го посети објектот за да се запознае со интензитетот на градбата.

Со анекс договорот, поради ограничените средства за градба, површината на објектот била намалена за 10.000 квадратни метри со што тој меѓу другото бил намален за еден кат.

„Сега се работи на подготовка на основниот проект за внатрешно уредување. Се надеваме дека наредната година ќе биде отворен и јавниот повик за внатрешно уредување на објектот и мислиме дека ќе има потреба за неколку годишно финансиско планирање. Внатрешното уредување секогаш носи повисоки финансиски импликации бидејќи овде се работи за проект, односно објект кој ќе биде еден од најмодерните во Македонија“, рече министерот Адеми, без да каже колку ќе чини внатрешното уредување на објектот.

Според директорот на Центарот за култура на Тетово Хаки Фазлиу, проценките се дека внатрешното опремување на овој објект ќе изнесува околу 26 милиони евра.

„Во него ќе биде вградена најсовремена сценска и ентериерна опрема, осветлување какво досега немало во Македонија па затоа се очекува и цената на опремувањето да биде толку висока. Освен тоа овде станува збор за опремување не само на театарот туку и на киното и библиотеката кои ќе бидат во состав на овој мултифункционален објект“ , вели директорот Фазлиу.

Извор: СДК.МК

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет