(ВИДЕО) ОСУМ МЕСЕЦИ ПРОЕКТ МОЈ ОПШТИНАР ВО КАВАДАРЦИ, ИЗУМОТ НА МИТКО ЈАНЧЕВ ФУНКЦИОНИРА, ЕВЕ ГИ РЕЗУЛТАТИТЕ!

Објавено на 20.07.2018 во 12:58:56 часот | Македонија

Проектот Мој општинар во Општина Кавадарци, функционира веќе осум месеци преку девет одделни реони каде секој реон има свој општинар кој континуирано последните осум месеци е излезен на терен. Овој прокет има за главна задача лично од граѓаните да се примаат забелешките за проблемите кои може да се решат, а се во надлежност на локалната самоуправа.

Преку проектот Мој Општинар, Општина Кавадарци, потенцираат оттаму, ја доближи општината поблиску до граѓаните.

Досега хортикултурно се озелени над 30.000 квадратни метри, поставени се 1.100 метални столбови за побезбедно движење на пешаците, 20 детски игралишта се реновирани и поставени се детски реквизити на 5 нови локации, поставена е нова урбана опрема во сите реони во Општина Кавадарци, исчистени се над 20 диви депонии, со ангажирање на волонтери отсранети се над 300 бесправно поставени лимени гаражи и на истите локации извршено е хортикултурно уредување, поплочени се повеќе улици и реновирани се неколку објкети во селата на Општина Кавадарци.

Овие изминати осум месеци, како што посочуваат, сведочат за функционалноста на проектот Мој Општинар кој е прв ваков прокет во Македонија. Преку него континуирано се одвива акцијата за чисто и убаво Кавадарци.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет