ЛЕЛЕЕЕЕ И СЕГА ШУ ПРАЈМЕ БЕ ВМРОНИ, И ОРБАН КРЕНА РАЦЕ ОД ВАС: Со писмо до Заев даде поддршка за договорот со Грција!

Објавено на 20.07.2018 во 23:31:27 часот | Македонија

Премиерите на Македонија и на Унгарија Зоран Заев и Виктор Орбан на средба во Будимпешта на 28 ноември 2017

Унгарскиот премиер Виктор Орбан до кабинетот на премиерот Зоран Заев упатил писмо со честитки по повод договорот за македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство меѓу двете земји.

Како што се наведува во соопштението од Владата, во писмото, кое премиерот на Унгарија Орбан го потпишува и во име на Вишеградската четворка, тој го поздравува решението што двете земји, Република Македонија и Република Грција, го постигнаа во врска со прашањето за името. 

Премиерот Орбан, се посочува, исто така, истакнува дека „унгарската Влада постојано, преку сите форуми се залага за забрзување на евроатлантската интеграција на целиот регион на Западен Балкан, така и за Република Македонија“, и додава дека Унгарија го поддржа усвојувањето на резолуцијата на ЕУ со која се овозможува започнување на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ.

Во писмото испратено Заев, премиерот Орбан нагласува дека Унгарија ја поддржува и поканата за членство што нашата земја ја доби од НАТО на 11 јули, се додава во соопштението.

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет