НЕ СМЕЕ ДА ИМА ЦРНА ЛИСТА НА ФИРМИ И БИЗНИСМЕНИ И ГРАЃАНИ: И ПРИЈАТЕЛИТЕ НА САШО МИЈАЛКОВ ИМААТ ПРАВО ДА ДОБИВААТ ТЕНДЕРИ, АКО ГИ ИСПОЛНУВААТ ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ И АКО ПОНУДИЛЕ НИСКА ЦЕНА!

Објавено на 21.07.2018 во 18:51:56 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


 Ова е весста која ги потресе граѓаните денеска:
 

Investigative Reporting Lab Macedonia вечерва објави фотографија од Александар Јовановски-Жути, управител на фирмата која конурираше за 35-милионскиот тендер од Министерството за здравство, во друштво на Јордан Мијалков, син на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

-(ФОТО НА ДЕНОТ) Единствениот апликант на тендерот за реагенси од страна на Министерството за здравство во износ од 35 милиони евра Александар Јовановски – Жути (лево) во друштво на Илија Тозија (поранешен член на управниот на Државна видео лотарија и понекогаш управител на фирмите на Мијалков (централно) и Јордан Мијалков, син на Сашо Мијалков (десно), напишаа од Investigative Reporting Lab Macedonia.

Инаку, Александар Јовановски е управител на фирмата „АХР ЛАБ увоз – извоз ДООЕЛ“, која била единствен апликант за тендерот за набавка на апарати и реагенси за лабораториите за испитување на крв во Јавните здравствени установи низ цела Македонија и единствена која конкурирала на тендерот од Министерството за здравство во висина од 35 милиони евра. Фирмата била регистрирана пред само четири месеци и нема никаков искуство во областа.

Но што сакаме да постигнеме со оваа сторија? Сакаме ли да креираме ЦРНА ЛИСТА на фирми и граѓани и да видиме кој со кого се сликал и кој со кого е пријател?!

Или тендерите треба да ги добиваат оние фирми кои понудиле цени и квалитет според бараниот тендер?!

Што ако фирмата е формирана пред 4 месеци, ако понудила партнерство со светски гигант со светски квалитет и ниски цени?!

Стварно не ја разбрам оваа паника, нели се боревме за тоа да нема привилегирани и црни листи, нели сакавме да владеат законите и правилата и нормите?!

И што сега, ќе пазиме кој со кого се сликал, кој со кого се поздравил, кој со кого е пријател, комшија, сват, роднина?!

Па земјава е толку мала што секој со секого е некако поврзан, земјава е како свински црева исплетена...

Во споменатиот тендер, не е проблем колку е стара фирмата или кој со кого се сликал, туку дека имало само еден понудувач, па според тоа не знам како е постигнара најниска цена?!

Тоа треба да излезат од владата и да го објаснат, а не кој со кого е пријател...

За мене многу поголем проблем е ако новинари и газди на телевизии добиваат тендери од државата или пак ако министер си дава сам на себе грант, тука малце смрди работава и има невкус и треба да се внимава и процедурите како се доделени тие тендери и грантови треба да се проверат...

Дури и грантот кој го добила фирмата на пратеникот Хари Локвенец е проблематичен, Хари е пратеник и треба да ја контролира владата од која добил грант, тој кога решил да се бави со политика требало да знае дека неговата фирма ќе мора да се воздржи од земање тендери, грантови...

Но сепак, паниката за некој бизнисмен кој бил пријател со Мијалков и поради тоа не смеел да добие тендер ми е некако фашистичка паника...

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија