Се надевам дека ова со Кочо и Хари ќе биде поука за сите, народот е изгорен и дува и на јогурт!

Објавено на 22.07.2018 во 21:11:30 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Еден од поголемите гафови досега на новата власт е доделените грантови на министер и тоа баш тој кој ги промовираше грантовите како идеја и на еден од водечките пратеници.

Сепак, рано е за вакви работи во земјава, народот е изгорен и дува и на јогурт, и со право!

Сепак, колку и да сакаат да не убедат, тешко е да се поверува дека комисијата кога одличувала кој да земе грант не знаела кои се фирмите на Кочо и Хари и потоа објејктивно гледала на тие фирми.

Сепак некои работи треба да се избегнуваат чисто од политичка и домашна култура.

Значи, најблизок во семејство не се става на функција во министерство кое го водиш, тендери не се даваат на своите најблиски, итн итн итн...

Оваа култура доаѓа од Струмица каде Заев делеше тендери на своите браќа и чичковци, и тогаш тоа беше најслаба точка на СДСМ, не велам дека тука имало криминал, да имало Заеви ќе скапеа во затвор, туку едноставно има тука еден политички невкус и со тоа треба да се престане.

Дури по 10, 20 години можеме да им веруваме на институциите дека можат да си дозволат такви потези и да веруваме дека тендерите и функциите се добиени мериторно а не субјективно, но дури и тогаш не сум сигурен дека тоа не е добра практика.

Но, сепак едното е поважно од другото, сепак многу тендери се делеа во минатото со фиктивни управители и фирми, зад кои во тајност стојат министри и премиери, значи многу поважно е да имаме силни институции и силна борба против криминал и корупција и промена на политичката свест на политичарите дека функциите не се за богатење туку за служење на народот и својата земја или општина или село...

Затоа не е доволно ако нема тендери поделени на блиски луѓе, тоа може да е маска во која тендерите ги земаат фирми зад кои тајно стојат министри и пратеници, дај ние да одиме до крај и да изградиме силна држава со силни медиуми силни НВО организации и транспаретни институции кои не се затворени и кои трпат критика  и одговараат на прашања и ретерираат кога ќе згрешат и ќе учат од грешките!

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија