БОМБА ОД НИГДЕ НИКАДЕ: Претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски изненадно си поднесе оставка, наводно својот ангажман го продолжува во УЕФА, дали бега од кривичен прогон за финансиски малверзации?!?!

Објавено на 23.07.2018 во 14:59:07 часот | Спорт

Од нигде никаде, сасвим изненада, претседателот на ФФМ, Илчо Георгиевски си поднесе оставка по речиси една декада водење на македонскиот фудбал?!?!

Во колумна на порталот на ФФМ, Илчо пишува:

Не е едноставно во ваков момент да донесам ваква тешка одлука, но отсекогаш сум повикувал на одговорност, пред демагогија.

Мојот следен предизвик и одговорност е УЕФА. Од седиштето на европскиот фудбал, искрено и мотивирано, чесно и одговорно ќе продолжам да го давам мојот придонес во фудбалот.

Како претседател на Фудбалската федерација на Македонија го регенериравме крвотокот на македонскиот фудбал и уверен сум дека тој пат мора да се продолжи.

Со фудбалски речник, во овие шест години имавме препознатлива игра, ред и дисциплина, борбен дух и глад за победи. И посед и напад и градење наместо разграбување.

Велат „тивката вода, брег рони“. Многу одамна јас тоа го сфатив во буквална смисла на зборот. На тој начин работев и се однесував и како фудбалер и како тренер и како претседател на Фудбалската федерација на Македонија. За мене тоа секогаш ќе биде и исправно и правилно.

Тој начин на работа ни донесе пласман на Европско првенство, најголеми успеси со младинските национални категории, враќање на довербата во А репрезентацијата и пласман на ФИФА листата кои ќе бележи само напредок, изградба на еден од најмодерните тренинг центри на балканот, инфраструктурно подобрување на стадионите во Македонија, континуирана едукација на тренерите и професионални договори за сите селектори во националните тимови, создавање на Академија во ранг на најдобрите во Европа, организација на најголемиот спортски настан во македонската историја - Супер Купот, Скопје 2017.

Ако пред неколку години буквално молевме некој од авторитетите на УЕФА или ФИФА да ни даде поддршка или да стапне на наш „тревник“, денеска со сите нив сме на иста маса и носиме важни одлуки. Горд сум на сето тоа.

Нема да бидам искрен ако не истакнам дека финансиското работење е голем успех на федерацијата. Убеден сум дека А репрезентацијата преку Лига на Нации ќе обезбеди место на Европското првенство, а неминовен ќе биде напредокот, можеби и до 30. место на фамозната листа на ФИФА. На селекторот, на капитенот Пандев и на соиграчите им посакувам среќа и успех.

Кога ќе ги погледнеме извештаите од работата на Управниот одбор и телата на федерацијата, станува јасно колку голем е обемот на активности на ФФМ. Од стручно - селективни процеси до организација на бројни натпреварувања и натпревари на македонските репрезентации. Оваа федерација секој ден се грижи за одржување на македонскиот фудбал, а сето тоа немаше и нема да биде можно без одличната и внимателна работа на поединците во бројните тела и оддели во федерацијата, а секако тоа се однесува и на сите клубови и општински фудбалски сојузи.

На сите кои додоа свој придонес во нашата заедничка работа во Фудбалската федерација на Македонија им се заблагодарувам и од срце им честитам на оствареното.

Би сакал да упатам голема благодарност до Управниот одбор на ФФМ, Општинските фудбалски Сојузи, вработените во администрацијата на ФФМ, до соработници, медиумите и фудбалското семејство кои дадоа свој придонес во реализацијата на голем број на проекти.

Во изминатата година некои го чистеа здравото од нездравото ткиво во нашиот спорт и тука запираат спортските вредности.

На крајот, можам да ги поднесам сите навреди, сите лаги и невистини кои за мене ги ширеа дел од луѓето кои 20 години го уништуваа македонскиот фудбал. Можам да поднесам сѐ, бидејќи сум чист и ништо кон никого не должам. Должност на секој од нас е да се бори на идните генерации да им го покажеме вистинскиот пат и правите вредност.

Ни треба радост и барем некаков оптимизам.

За тоа ќе продолжам да се борам.

И сосема е соодветно моето минато во македонскиот фудбал и мојата иднина во европскиот фудбал да ги раздвојам и сооединам на местото од кое се гради иднината на модерниот фудбал.

 

Дали Илчо бега од евентуален кривичен прогон за разни финансиски дубари?! Тој инаку е личен куќен пријател на Груевски и некои велат дека со негова помош успеал да биде недопирлив речиси цели 10 години на функцијата шеф на ФФМ.

Сега се шпекулира со повеќе имиња за негова замена:

Од друга страна се шпекулира и дека Хари Хаџи-Ристески сакал пак да се врати на позицијата претседател на ФФМ од каде беше сменет по неговиот дуел со Масар Омерагиќ, кога од нигде никаде со ургенција на Груевски беше донесен Илчо за претседател.

Некои го споменуваат и името на газдата на Горска од Кавадарци.

Одамна своја амбиција за оваа фотеља има искажано и поранешниот селектор Мирсад Јонуз.

Ќе видиме кој ќе победи во оваа битка за тронот на македоснкиот фудбал.

 

 

* реклами:

 

 

Спорт

Македонија