Под итно да се поништат грантовите доделени на членови на семејства на истакнати политичари, министри, пратеници, градоначалници, партиски функционери, новинари, аналитичари, колумнисти...

Објавено на 24.07.2018 во 00:33:32 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Под итно владата да ги поништи сите грантови доделени на членови на семејства на истакнати политичари, новинари, аналитичари, партиски функционери, министри, градоначалници, пратеници... 

Секој што ќе сака да се бави со бизнис и сака да добие грант од владата, нека си даде оставка на политичката функција, или на позицијата новинар уредник, колумнист, аналитичар итн...

Секој член на семејство на истакнат политичар, министер, советник, градоначалник итн, нека разбере дека тоа што не може да добие грант од владата е цена која треба да ја плати, но од друга страна, предност е што нивниот роднина ќе може да им фати врски за многу работи, да им даде совети, информации, да турне заглавена процедура итн итн, значи нека не се жалат...

Целта е што сме изгорени и сега дуваме на јогурт. И тоа е разбирливо, едноставно корисно е за секој случај да креираме правила со кои ќе се гарантира дека Груевизмот никогаш нема да се повтори во земјава!!!

Значи медиуми, новинари, политичари да немаат ПРИСТАП ДО БУЏЕТОТ освен како плата и тоа скромна, без некои големи суми како порано во Груевизмот!!!

Мислам дека владата треба да реагира веднаш за ова!

Не се работи за никаква кражба, никаков криминал, туку едноставно оправдано постои страв дека со парите се плете некаква нова диктаторска мрежа за нов Груевизам, т.е Заевизам, и тие стравови може да се разберат!

После таква траума која ја преживеавме, ние како општество сме истрауматизирани, како да имаме виетнамско ПТСД!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија