(ВИДЕО) БОМБИ ПУКААТ И ЗА ТРАМП ВО САД: Адвокатот објави снимки како договараат да платат негови швалерки да молчат за аферите!

Објавено на 25.07.2018 во 20:22:57 часот | Свет

Си-Ен-Ен емитуваше аудио снимка од разговор меѓу Трамп и Коен за моделот на „Плејбој“

Си-Ен-Ен емитуваше аудио снимка на која Доналд Трамп и неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен наводно разговараат да платат за правата за приказната на поранешиот модел на „Плејбој“ Карен Мекдугал за нејзината интимна врска со Трамп од пред повеќе од десет години.

Слушнете ја во продолжение:

Снимката на телевизијата и ја доставил адвокатот на Коен, Лени Дејвис. Коен тајно го снимил разговорот со Трамп два месеци пред претседателските избори во 2016 година.

На снимката Трамп и Коен наводно разговараат да платат за правата за приказната на Карен Мекдугал кои ги добила медиумската група „Американ Медиа Инкорпорејтед“ и која на моделот на „Плејбој“ за нив и платила 150 илјади долари.

На снимката се слуша како Коен вели дека треба да се регистрира трговско друштво преку кое ќе биде платена цената за информацијата што ја поседува „пријателот Дејвид“, за кого се претпоставува дека е претседателот на „Американ Медиа Инкорпорејтед“ Дејвид Пекар.

Кога Коен вели дека е неопходно финансирање, Трамп го прекинува со прашањето „какво финансирање“.

– Ќе треба да платиме, одговара Коен. И покрај слабиот квалитет на снимката на неа се слуша како Трамп ги кажува зборовите „плаќа во готово“ но не е јасно дали рекол да се плаќа во готово или да не се плаќа во готово. Коен веднаш одговара со „не, не, не“ а Трамп го спомнува зборот „чек“.

Според сегашниот адвокат на американскиот претседател, Руди Џулијани кој  ја слушнал снимката откако експерт го подобрил нејзиниот квалитет, Трамп рекол да не се „плаќа во готово“.

– Записот јасно покажува дека претседателот не сакал да плаќа во готово. Да се тврди спротивното е смешно и во спротивност со останатиот дел од разговорот во кој се разгледува плаќање преку друштво, изјави Џулијани додавајќи дека Коен сметал дека е најдобро да се купат правата за приказната на Мекдугал, а на снимката двајцата разгледуваат како да се направи тоа.

– Коен споменува дека треба да се плати на Пекар, а претседателот вели да не се плаќа во готово и го изговара зборот чек. Тој сака да има докази за плаќањето. Потоа Коен вели „не, не, не“ и запира снимката на средина на реченицата што само по себе е сомнително. Претседателот сакал да го реши прашањето на правилен начин. Ако сакаш да скриеш нешто нема да размислуваш да плаќаш преку друштво или со чек, истакна Џулијани.

Плаќањето и онака не се случило и Џулијани рече дека не знае зошто се се случило така и оти не го разгледувал ова прашање со Трамп.

– Слушнете ја снимката. Доналд Трамп не е шокиран затоа што ќе се плаќаат пари заради некоја си Карен Мекдугал изјави адвокатот на Коен, Лени Дејвис во интервју за Си-Ен – Ен.

Тој истакна дека неговиот клиент поднел многу лаги и навреди, но оти вистината е на негова страна.

 

 

* реклами:

 

 

Свет

Македонија