ЕВЕ КОЈ САКА КРВ ДО КОЛЕНА НА БАЛКАНОТ, ЕВЕ ЗОШТО ТРЕБА ДА ВЛЕЗЕМЕ ВО НАТО ШТО ПОБРГУ: Вучиќ предлага поделба на Косово и размена на територии!

Објавено на 26.07.2018 во 16:10:00 часот | Балкан

Српскиот претседател ја отвора можноста за нов договор со соседно Косово, кое се отцепи од Србија пред 10 години, кој овојпат би ја вклучувал и можноста за размена на територии меѓу двете земји, пишува хрватски Глобус.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека доколку таков договор за „демаркација“ не се оствари, Албанците би можеле да се рашират низ цела Србија во следните години поради нивниот висок наталитет, пишува германската новинска агенција ДПА.

Ваквиот став, Вучиќ наводно го изнел во интервју за хрватскиот неделник Глобус, а го пренесуваат хрватски и српски медиуми.
Според ДПА, доколку се следат сугестиите на Вучиќ, северно Косово, кое мнозински е населено со Срби, би се вратило кон Белград, додека во замена за него, регионот околу српскиот град Прешево, кој е мнозински албански, би се припоил кон Косово.

„Сите Срби знаат дека го изгубија Косово- но јас ќе сторам сѐ што е во моја моќ да вратам што се може, за на крајот да не испадне како целосен пораз или целосна загуба“, вели Вучиќ за Глобус.
„Доколку видам дека нешто е добро за Србија, јас тоа ќе го туркам- без оглед на последиците“, вели српскиот претседател.

Авторот на интервјуто со Вучиќ, хрватскиот новинар Дарко Худелист во одделен текст ги анализира најавите на Вучиќ на следниот начин:
„Поедноставено кажано: да, ќе го признаеме Косово (но без чинот на експлицитно меѓународно-правно признавање), но за возврат ќе го ‘истргуваме’ северот на Косово. Нема на (Албанците на Косово) да им дадеме баш сѐ, нешто сепак ќе успееме да задржиме и за себе“, пишува Худелист. Нејасно е дали тој на овој начин ги цитира зборовите на српскиот претседател, пренесува неофицијален став или извлекува сопствени заклучоци? Авторот потсетува дека често се пишува за „концептот на Вучиќ за ткн. размена на територии“ односно концепт на „корекција на границите“ или, како што наведува Худелист, концептот на „компромис“- збор кој Вучиќ последните недели и месеци сѐ почесто го користи.

извор: Дв

Стигна одговор на тоа од Косово:

Никаква промена на границите не доаѓа предвид, порача советник на Харадинај

Кабинетот на косовскиот премиер, Рамуш Харадинај денеска порача дека Владата на Косово ја исклучува секоја можност за дебата и преговори за поделба на Косово или за размена на територии со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Поделбата на територијата на Косово, размената на територии или која било друга опција што има за цел промена на границите воопшто не претставува опција за Владата на Косово. За нас тоа е дебела и неминлива црвена линија, изјави за сервисот на албански јазик на Радио Слободна Европа, Авни Арифи, советник на Харадинај.

Тоа е, според Арифи, линија која Приштина не може да ја прескокне.

Тој нагласи дека оние што мислат да менуваат граници, да разменуваат територии и што поставуваат такви прашања на преговарачка маса, тежнеат „да го вратат Балканот во темните времиња“.

Според советникот на косовскиот премиер, Владата на Косово „на ниеден начин нема да влезе во преобликување на балканските граници“.

Реакцијата на Арифи, како што објави Радио Слободна Европа на албански јазик, уследи по изјавите на српскиот претседател, Александар Вучиќ, дека „за Србија би било подобро било што, отколку ништо“.

 

 

* реклами

 

 

Балкан

Македонија