ТРЕБА ДА СИ ЗЛОНАМЕРНО ЃУБРЕ ЗА ДА ГИ СПОРЕДУВАШ СКАНДАЛИТЕ СО ГРАНТОВИТЕ СО ГРАБЕЖОТ И РЕЖИМОТ НА ГРУЕВЦИ!

Објавено на 26.07.2018 во 16:35:03 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Пљачката која ја правеа Груевци 11 години е неспоредлива со скандалот со грантовите од фондот за иновации.

Затоа што Фондот за иновации реши да додели 10 милиони евра на над 50 фирми со цел да се креира нови работни места.

Фирмите кои добиле а се на функционери, не го прекршиле законот, само има малку нефкус, судир на интереси, нарушен етички кодекс.

Ова не се споредува со местените тендери, митото, рушењето објекти со динамит, затворањето фирми, медиуми, полнењето на затворите, тепањето новинари.

И сето тоа скриено позади режимската пропаганда и цензура. Немаше да дознаеме за сето тоа да ги немаше бомбите.

Во случајот со грантовите, самите добитници дури се појавија и на настанот со премиерот, нивните фирми и имиња се јавни, достапни на секој новинар, очигледно тие не мислеа дека прават нешто погрешно.

Злонамерни ѓубриња би можеле овие две работи да ги споредат.

Да, сепак се работи за грешка, цената на политичката активност е да не учествуваш на тендери и да не добиваш владини пари дури и при масовни субвенциски акции, затоа што тоа е прашање на политичка култура.

Но сепак, оваа власт е светлосни години понапред и подобра од вмровскиот режим, секој што тврди поинаку е ретард или злонамерен вмрон!

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија