Геро, јас немам ништо против грантот за Слободен Печат, само велам дека ти сега немаш морално право да покажуваш со прст кон никого!

Објавено на 27.07.2018 во 12:19:32 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Геро, не може бе стари ти да си во компанија која земала милиони од владата и ќутиш за сите гафови на тој што ги дели парите и да покажуваш со прст кон други новинари и да се расфрлаш со етикети за куртони и платеници, разбираш ли бе старо?

Не ја префрлај топката на газдите на Слободен Печат, тие се фини луѓе, јас имам голем респект кон нив, нека им се алал парите и посакувам проектот со новата печатница да им успее.

Исто така јасно ми е дека весникот ќе остане критичен кон власта и кон градоначалниците, некои новинари и газди не можат да се купат, истото важи и за Горан Михајловски.

Но когаа фрлаш сомнежи кон другите грантисти и бараш оставки, тогаш треба да тргнеш од себе си. Не може ти да си светец а сите околу тебе олоши. Ако идеме со ширење на параноја и сомнеж дека сите останати грантисти се расипани материјалисти кои влијаеле да земат грант или па има судир на интереси, тогаш тоа важи и за тебе стари.

Кога веќе си се впуштил во барање скалпови, понуди го и твојот скалп, за да имаш образ да бараш скалпови. Дај си оставка во Слободен Печат, очисти си го образот и потоа барај сите останати да си поднесат оставки.

Не може сите други да згрешиле, само ти да си невин. Колку можела Цветанка Ласкова да влијае за снаа и, толку си можел и ти да влијаеш, ти си 100 пати помоќен од еден Цветанка Ласкова. Самиот се фалиш колку често си се среќавал со Заев, а пак твојата врска со Кочо Анѓушев е сведена на однос кон божество - не си го искритикувал ниту еднаш за безбројните гафови, за тебе неговото име е СВЕТО, ЗАБРАЊЕНО!

И јасно е зошто е тоа така, Кочо има некаков договор со твојот портал, ти за него објавуваше ПР стории, имаш реклами и од неговите фирми и од Стопанска Комора, од каде тој дојде во владата,  сега си ги штитиш паричките, уплашен си да не ги изгубиш.

Но кога веќе го правиш тоа, немој бе стари да обвинуваш други дека биле нечии куртони, особено ако тие критикуваат се, и не земале пари од владата!!!

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија