НОВА БУРА ВО АМЕРИКА: Уште еден медиски и филмски моќник под удар на новинарот Ронан Фароу, синот на Миа Фароу и Вуди Ален, кој досега успеа да уништи многу моќници и новинари и актери

Објавено на 27.07.2018 во 20:18:32 часот | Свет

Вечерва, петок, е најавено објавувањето на репорт во Њујоркер на новинарот Ронан Фароу во кое бомбастично се изнесуваат обвинителни факти за семоќниот директор на гигантот ЦБС Корпорација, Лесли Мунвес, кој е на чело на една од најмоќните медиски куќи во САД, кои поседуваа национална телевизија, филмски, радиски, музички студија, портали и десетици други фирми ќерки низ Америка и светот.

Веднаш по најавата дека сторијата ќе биде објавена вечерва, акциите на фирмата паднаа драстично за цели 5%, сите медиуми се спремаат за сторијата а самата компанија ЦВС веднаш објави дека формирала тело од директори во бордот на фирмата кои ќе ги истражат обвинувањата кон Лесли Мунвес.

Инаку неофицијално, Лесли е обвинет дека напаѓал жени, ја злоупотребувал својата моќ за изнуда за секс и слично.

Ќе видиме дали се само тоа благи дрски удварања или пак се работи за сериозни сериски силувања и малтретирања кои траеле долго како што правеле и претходниците кои паднаа од тронот во Холивуд како продуцентот Харви Вајштајн, новинарот Бил Орајли, водителите Чарли Роуз и Мет Лауер, комичарите Луис Ц.К и Бил Козби, актерот Кевин Спејси и многу други...

 

 

* реклами

 

 

Свет

Македонија