СЕ УШТЕ НЕМА ПОТРЕБА ЗА ПАНИКА И РАЗОЧАРУВАЊЕ, СДСМ И ЗАЕВ СЕ УШТЕ СЕ НА ВИСИНАТА НА ЗАДАЧАТА: Ние во основа паничиме за нешто што ни мириса на криминал, ние паничиме затоа што сме скренати од 10 години пљачка а СДСМ нема разбирање за тоа

Објавено на 28.07.2018 во 21:39:16 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Во основа, се уште, се е во ред!

Нема голем организиран криминал, нема забегана власт, нема режим, нема мафија на власт.

Целата оваа паника е што ние сме скренати од 10 години пљачка, а власта нема разбирање за тоа. Тоа е единствениот криминал овде.

Да покажеа разбирање за тоа, ќе пазеа кој добива тендери и грантови. Што не значи дека тие се криминално добиени. Можно е тендер да се добие легално, а газдата да е политички или фамилијарно поврзан во власта. Тоа се случуваше во Срумица 10 години со Заеви, па да имаше криминал Заеви ќе беа уапсени сите, цел клан, колку што ги има околу десетина браќа, вујковци чичковци и дедовци...

Значи ако го гледавте интервјуто на директорот на фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски за Канал 77 утрово, ќе чуевте дека целата одлука за тоа кој треба да добие грант е носена од меѓународно тело експерти најмени од светска банка, кои пак се најдени со конкурс во списанието Економист.

Ако ги погледате самите грантови ќе видите дека тоа се стварно сериозни издржани проекти а не перење пари. Значи имаме сериозни пронајдоци како нова метода за гасење пожари со еколошки аеросоли до сериозни бизнис проекти како софтвер алатки позади кои стојат инженери кои ги има на листа на ФОРБС.

Другите пак грантови за разни печатници и слични хали се добиени не заради иновација туку за технолошки развој, што е логично по самото име на институцијата, фонд за иновации и технолошки развој. Тоа пак што добиле фирми стари само еден месец е последица на тоа што третиот столб е за старт апи, т.е фирми кои почнале од нула, фирми новороденчиња и овие грантови се за да проодат и да вработат луѓе, како инаку ќе ја качиме бројката на вработени?!

Тоа пак што медиуми добиле грантови исто не е голема причина за загриженост, се работи за медиуми и уредници кои се тврдоглави и своеглави и тешко дека некој може да ги купи еден Бранко Героски или еден Горан Михајловски, да беше така тие ќе се продаде на режимот, значи не се работи за куртони кои се понудени на пазарот. Некои луѓе едноставно не можеш да ги купиш и добро е што такви односно нивни блиски добија грантови. Иако, на ова сепак мора да се внимава, што помалце владини пари околу медиуми, толку подобро!

Јас сум го критиквуал Геровски ама дека премногу ја критикува владата за се и сешто, што значи дека нема опасност дека парите заминале како награда за владини куртони. По таа логика, ќе требаше да бидете загрижени ако јас, Саше Политико имав добиено владин грант, а пошто не е така, бидете си раат. Нити јас фалам заради пари, нити владата плаќа за некој да ја фали. Значи таман е!

ДА РЕЗИМИРАМЕ - Ние само паничиме затоа што ова ни мириса на она што го правеа Груевци, но да ти мириса нешто и тоа да е стварно реалност, се две различни работи.

Може да се каже како нација ние сега дуваме на јогурт, ама сепак, јогуртот е јогурт, а врелиот катран сосема нешто друго.

Истото мислење го имам и за несудениот тендер за реагенси, сепак позади тендерот стоела сериозна фирма гигант од Германија со капитал од милијарда евра. Самата идеја да се заштедат пари во здравството за да се понуди бесплатно здравство за сите и повисоки плати за докторите ми се гледа сеуште доста примамлива, иако ценетиот колега Борјан Јовановски не се согласува со тоа, но да оставиме да видиме како ќе се одвива работата во овој ресор.

Во секој случај будно ќе ја следиме работата на владата и ќе им дишеме во врат, но засега мислам дека нема потреба за црвен картон, тук там може да се подели по некој жут, но за црвени, рано е!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија