КАКО Е ЗАЕВ ИСТ СО ГРУЈО КОГА СО ЗАКОН ОД БУЏЕТОТ И ДАДЕ НА ОПОЗИЦИЈАТА 2 МИЛИОНА ЕВРА ГОДИШНО?!

Објавено на 28.07.2018 во 22:56:55 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Како се прави режим во 21-во век? Ќе ја набуташ опозицијата во глувчешка дупка тамо некаде во вукојебините, на маргините на општеството... Секако не со војска, со затвори, со гулази, со стрелање на плоштад.

Ами со секнување на финансиите, со затворање на медиумите за опозицијата, со тоа таа, опозицијата иако технички е во демократија, без пари, де факто е диктатура.

Ако опозицијата нема пари за реклами, митинзи, маршеви, билборди, штабови итн, ондак, опозицијата ја има само на хартија, во пракса ја нема.

Што правеше Грујо? Му рокна 100 кила динамит на Фијат Цановски и го уапси цело семејство Рамковски за да прати порака во вид на зелен пролив во двете бизнис комори, онаа за големите сомови, СК и онаа за малце послабите крапови, ССК.

Во исто време медиумите беа купени, што не се продаде се затвори, и опозицијата остана без можност да се изрази.

Што имаме сега? Заев пред два дена со закон, на опозицијата од буџет и даде 2 милиона евра годишно?!?!?! Еј, која е бре ова хунта матер му ебам?!

Јавниот сервис, гигант со 15 милиона евра буџет е сеуште под контрола на опозицијата?!

Најголемата приватна тв, Сител, сеуште е под контрола на опозицијата? 

Епа за каков ондак режим и хунта збориме? Како е тогаш Заев ист со Грујо?

Значи таман е, Заев е демократа, баш како што очекувавме и баравме од него. Не серете дека е ист со Грујо, сепак не се исти, бидете фер.

 

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија