ЦВЕТАНКА ЛАСКОВА Е МАДАФАКА!

Објавено на 29.07.2018 во 16:35:21 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Додека целата македонска естрада му го цицаше на паторот качена на бина додека режимот тепаше, креваше објекти во воздух со динамит, апсеше све живо, пљачкаше безмилосно, таа маршираше во прв ред со унијата на жени на СДСМ!

И не само што храбро маршираше 10 години, туку и пред камери носеше бунда од мечка, ич не и чуеше онаквото за црната пропаганда на режимот дека СДСМ е елита, затоа што знаеше дека таа бунда е заработена со 30 години макотрпна работа во приватниот бизнис, никому Цветанка не должи ништо за таа бунда и има да ја носи додека е жива па нека пукне кој сака:

Сега, нејзината снаа конкурирала за грант и добила затоа што проектот е со менаџери кои се на листата на ФОРБС, и нашата Цветанка Ласкова пак не и чуе онаквото, ако сака Заев нека и даде отказ, таа не планира да попушти пред некакви крекавци и да и го уништи сонот на својата снаа која сака да има голема фирма за програмирање и софтвер.

Знаете што, Цветанка Ласкова е права мадафака, и се восхитувам на оваа жена.

10% од Македонците да беа како Цветанка Ласкова, далеку ќе беше Македонија во секоја смисла. Проблемот е што ние повеќето сме Каљопа...

п.с За оние копилиња кои ја споредуваат Цветанка Ласкова со Силвана Бонева, жената која му беше десна рака на паторот за време на целата диктатура, која лажираше патарини за да го пљачка народот, која на телефон му раскажуваше на премиерот за сите рекетари на ВМРО-то, онаа која ги договараше театрите во собрание за лажење на народот, која купи 2 стана на своите деца со украдени пари, сакам да ви кажам дека треба да идете да си ја прегледате главата!

Снаата на Цветанка конкурирала на легален конкурс со меѓународно жири за грантови кои владата решила да ги даде за проекти во кои 70% од средствата треба да ги обезбедат барачите на грант за да почнат бизнис кој ќе вработи десетици луѓе со цел младите да останат во земјава. Тоа е многу различно од крадење од буџетот со фалсификувани патарини додека се помага режим и диктатура, да ги споредиш тие две нешта е мисловна перверзија!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија