Арсим Зеколи, засрами се, едно време те мислев за голем интелектуалец, не очекував дека ќе бидеш така злонамерен, површен, импулсивен, си станал ќелава албанска мушка Ванковска!

Објавено на 29.07.2018 во 22:39:50 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Едно време за Арсим Зеколи имав голем респект, го сметав за колумнист гигант кој со своето перо ќе успее да ги лови сите финеси, ќе биде фер, како некој мудрец ќе дели пофалби, критики, ќе дава решенија, ќе дава визии...

Но со текот на времето, тој се повеќе почна да ми заликува на Ванковска. Врв му е последната колумна во која жестоко го нападна премиерот.

Колумната беше толку лоша, што Трендо со воодушевување ја сподели на Офф Нет. Каква навреда за Зеколи, само да е свесен за дното кое го допрел.

Сепак, оваа влада досега направи големи потези за кои заслужува респект и пофалба. Да се мижи пред сите продори кон ЕУ и НАТО, сите договори со соседите, самиот закон за двојазичност, успехот на СЈО преку заплената на 17 милиони евра од Кочан и Ѕинго, промената во сите сфери во општеството, како медиуми, така слобода во економијата, во уметноста, во целосниот секојдневен живот...

Потезите на Мила Царовска, покачувањето на платите во повеќе сектори, кревање минимална плата, грижа за стечајци, потезите на сите градоначалници, реформата во МВР, потезите во културата, исправката на грешките во транспорт, намалувањето на трошењата, отвореноста на владата...

Пред сето тоа да замижиш, и да врескаш хистерично избрзано за рекла казала афери кои не се ни афери туку се страв од афери, од еден Арсим Зеколи кој со години ветуваше Далај Лама мудрост со своите претенциозни гостувања кај Оливера Трајковска е вистинско разочарување.

Да има грешки, особено во секторот здравство, да има спорост на носењето на правдата, да МТВ сеуште е Грујовизија, но се работи и на тоа, напор има, тенденција има, политичка воља има, тоа се гледа и од марс, треба да си политички слеп или злонамерен тоа да не го видиш.

Арсим Зеколи има некој личен бес према СДСМ и ДУИ, има некоја лична пресметка, нешто го мачи, решил да им се одмаздува, или пак има некоја лична омраза која тлее во него, не можам да дешифрирам каде лежи причината за каквото коминчо однесување на некогаш врвниот колумнист кој ветуваше да биде Албанскиот Фрчкоски, за да стане Албанскиот Трендо, Јоци, Ванковска...

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија