Жестоката критика и исмевање кон кичот и турбо фолкот е практицирање камуфлирана омраза кон сиромашните

Објавено на 29.07.2018 во 23:01:38 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Едно е да не сакаш турбо фолк. И во приватен разговор да го исмеваш кичот. Јас лично органски не го поднесувам турбо фолкот, на пример песната на ќерката на Цеца која е хит на интернет ми е дури комична.

Но сметам дека јавно да тераш кампањи со жесток критицизам и исмевање на кичот и турбо фолкот со колумни и паники на социјални мрежи е практицирање камуфлирана омраза кон сиромашните.

Паниката која секоја година се крева за концертите на турбо фолкерите во Охрид, дека тоа значело крај за Охрид, тоа значело крај за Македоња итн итн, сметам дека се должи на омразата на елитата кон сиромашните општествени слоеви во земјава. Дури мислам дека не се ни свесни за тоа овие кои плукаат, или пак се свесни ама не им е гајле.

ВМРО ДПМНЕ одлично се снајде овие 30 години во овој феномен, па си правеа секоја година разни фестивали каде си ги канеа сите турбо пејачи од цела Екс Ју на кои сиромашните маси доживуваа каква таква ефтина забава која за нив е многу ретка и тешко достижна и тоа на ВМРО ДПМНЕ му се исплатеше на денот на гласање.

СДСМ пак тотално забега во елитизам низ годините и нивните најистакнати колумнисти и новинари и функционери отворено плукаа по трубо фолкот  и кичот, правеа паники дека тоа било знак за фашизам, диктатура, крај на државата итн итн... Само Заев се двоеше од оваа левичарска мантра која е парадокс, ако се знае дека СДСМ би требало да е блиска до радничката класа, а токму таа сече вени на Цеца и Шемса Суљаковиќ.

БНо сета таа паника за кичот и турбо фолкот дека бил симбол и предвесник на диктатурите и автократиите се само глупости. Фашизмот се јавил во Италија, Германија и Австрија, колевките на класицизмот и уметноста. Поврзаноста меѓу кичот, турбо фолкот и диктатурите и транзицијата се пренагласени и премногу смешни и површни анализи. Секаде има кич, во една Америка има кич, Кантри музиката е невиден кич, дури и Рапот и Попот некои го сметаат за кич... Но уметничкиот вкус не значи дека масите не знаат што сакаат во политиката. И обратно, многу љубители на висока уметност биле психопати и лудаци политички...

Турбо Фолкот е многу логичен продукт по пазарните механизми, што бара публиката тоа ќе добие. Зошто сиромашната и поглупата публика сака Турбо Фолк? Затоа што е лесен, еуфоричен, прост, и многу многу гласен! Нешто како техното и рокот ама со примеси на етно елементи...

Сиромашните имаат тежок живот. Работат по цел ден на поле, или во рудници или во гласни хали со бучни машини, нивните уши, тела и души се изморени од проблемите кои со себе ги носат сиромаштијата, тешката работа, лошите услови за живот, исто така се со ниско образование па и со тоа немаат капацитет за комплицирана уметност.

Турбо Фолкот лесно ги поврзува со нивната судбина, речникот, нотите се микс на етно со техно со рок, стиховите се практично она што им се случува во животот или она кон што сонуваат и копнеат.

Сексот кој е главна носилка на Турбо Фолкот е исто така доста логичен, сиромашните немаат пари за швалерки, курви, два три четири брака, шетање по светот со секретарките или колегите на семинари па да се отепат од ебење, затоа им течат лиги по цицките на Цеца, затоа што цел ден сечат дрва, пасат овци, крави, возат виљушкар или багер, жена им дома нема пари да оди по салони за убавина и да се облекува атрактивно и да пази на изгледот...

Што се однесува до Охрид, тој е на сите! Не само на елитата која паѓа во несвест на концертите во Амфитеатарот... Охрид е и за радничката класа која сече вени секоја година на Цеца и Северина или пак се џуска до сабајле на Армин ван Бурен или Роџес Санчез или пак на некоја рок ѕвезда.

Охрид е за сите! И сите се добредојдени! Рестораните, бутиците, плажите, таксистите, хотелите, издавачите на соби, банките итн сите имаат бенефит од сите, затоа што сите носат пари во Охрид, кој помалце, кој повеќе, но оваа омраза кон сиромашните секоја година ми предизвикува гадење во стомакот и бес во умот, преку стапот од македонскиот елитизам кој е одвратен и не се трпи!!!

Инаку, кога сме кај СДСМ, треба да пазат да не претераат со омраза кон кичот, со дистанцирање од МПЦ и со дистанцирање од популистичките новинари кои се обраќаат на широките маси. ВМРО ДПМНЕ 10 години владееше со кичот, МПЦ и куртоните како Миленко и Јанко кои анимираа стотици илјади публика. Не велам СДСМ да оди по тие патеки, нека понудат нешто свое, но мораат да внимаваат на народните маси, не смеат да ги предадат вечно на владение на ВМРО ДПМНЕ која со нив ќе владее на теренот и ќе ги користи како топовско месо и гласачка машина!

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија