МИ СЕ ГАДИ ОД КОМУНИСТИЧКАТА МАНТРА ЗА МЕДИУМИТЕ И МАЛИОТ ПАЗАР!

Објавено на 30.07.2018 во 10:24:54 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Со децении во новинарската фела владее една комунистичка мантра за медиумите и пазарот што е навистина одвратно ступидна.

Демек, ако имало многу медиуми пошто бил мал пазарот ќе се намалел квалитетот?!

Добро, од каде ова лудило?! Секаде во секоја бранша, по пазарните механизми, квантитетот раѓа квалитет, било да е тоа кафани, хотели, маркети, берберници, кладилници, болници, стоматолошки ординации, пекари итн итн...

Секаде, ако има слободен пазар народот ќе си го избере квалитетот и квалитетот ќе опстане.

Тезата дека некои медиуми ќе опстанеле со црни пари е смешна, затоа што народот нема да ги гледа, ќе ги гледа квалитетните, оние кои не лажат, но прво мора да имаат избор за тоа.

Ние со години преку комунистичката теза за малиот пазар ги штитиме токму најголемите куртони - Сител и Канал 5 кои со години немаат сериозни конкуренција, дури сега во последно време им дишат во врат Телма, ТВ 24, Тв 21 и 1 ТВ, кои едвај се докопаа до национална лиценца.

Погледнете на пример што се случува со порталите. Имаме широк избор и голем квалитет. Да, има тиња портали, но тие се во големо малцинство, се работи за 2-3 портали кои се тешка тиња, повеќето се многу квалитетни.

Тие малку портали што шират клевети и говор на омраза ќе се решат со постоечките закони за спречување говор омраза и клевета и навреда и со авторските права, и потоа ќе остане само квалитетот.

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија