Оваа паниката за цевката со гас која поминува преку планината Водно ми е комична до бесвест

Објавено на 30.07.2018 во 12:53:38 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Абе ало луѓе, се работи за цевка која е под земја!

Тамо кај што сега се копа и има багери, после нема да се става бекатон или асфалт или нема да се креваат куќи или згради, туку сето тоа ќе се покрие со земја и ќе се насади трава или дрва или грмушки.

За кој курац толку врескате бре хистерични фанатици?!?!

Што е проблемот, што тревата била тргната за еден месец и пак ќе се врати назад? Пак ќе трчаат по неа зајци и ежови и желки, пак ќе биде зелено, никој нема ни да знае дека под земјата има цевка, зашто бе сечете вени за вакви глупости?!?!

Дај бе малце мислете со тоа лејките, се носи природен гас со кој ќе се зашитити природата затоа што при согорување тој е 100 пати помалку токсичен од мазутот и јагленот, како бе зелки едни ова не ви влегува во главата?!?!

Ако се промени трасата, пак мора некаде да се копа, не може цевката магично да се надене под земјата, не е ова игла да се набоде у задникот, зашто бе се глупирате како мали деца да му ебам мајката?!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија